Репрезентацијата на Австрија ја победи Холандија со 3:2 вечерва во натпревар од 3. коло на групниот турнир Евро 2024.
Головите за Австрија ги постигнаа Дониел Мален (автогол), Романо Шмид и Марсел Сабицер. За Холанѓаните погодија Коди Гакпо и Мемфис Депај.
На другиот натпревар од последното коло во Д-групата, Франција и Полска одиграа нерешено 1:1.
По овие резултати, Австрија заврши на првото место во поредокот со шест бодови, Франција е втора со 5, Холандија од третото место оди во осминафиналето, Полска е последна со само еден бод и остана без учество во плејофот.