ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за „Синџир“ одложено за 8 јули

June 25, 2024 15:13
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за предметот „Синџир“ во кој се обвинети повеќе правни и физички лица за затајување на данок одложено за 8 јули, информира Основен кривичен суд Скопје.

Денешната главна расправа за предметот, како што информираат од Кривичен, е поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.

– Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец,  а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на покана, превентивните мерки ќе бидат заменети со построги, со оглед да се работи за притворски предмет од јавен интерес, се вели во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

Претходно денеска, Јавното обвинителство соопшти дека со шестмина осомничени и шест кривично одговорни правни лица во случајот „Синџир“ биле постигнати спогодби, со кои вратени се безмалку 1.000.000 евра во државниот буџет.

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ги прифати Предлог спогодбите и врз основа на истите донел осудителни пресуди, со кои, како што информираат од ЈОРСМ, едно лице е осудено на казна затвор од една година и парична казна од 310.000 денари. Три лица добиле условни казни од по две години затвор и парични казни, и тоа едно 306.500 денари и две од по 183.900 денари. Две лица се условно осудени на година и шест месеци затвор и парична казна од 183.900 денари.

-Согласно одредбите од Кривичниот законик за кривични дела на правни лица како главна казна се изрекува парична казна, а за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку три години, правното лице се казнува со парична казна до еден милион денари или ако делото е сторено од користољубие или е предизвикана штета од големи размери најмногу до петкратниот износ на предизвиканата штета или остварената корист. Така, на три правни лица за сторено продолжено кривично дело „даночно затајување“ од чл.279 став 4 вв став 2 вв став 1 вв чл.45 од Крвичниот законик судот им се изрече парични казни од по 500.000, 00 денари, на едно правно лице за истото дело му е изречена парична казна од 1.000.000,00 денари и на две правни лица кои освен кривично дело „даночно затајување“ сториле и кривично дело „перење пари“ од член 273 став 12 вв став 1 им се изречени парични казни во износ од 1.000.000,00, односно 400.000,00 денари, соопштија од ЈО.

Од ЈО информираат дека при одмерување на видот и определување на висината на санкциите при спогодувањето, земени се в предвид сите олеснителни и отежителни околности, а особено околноста што кривично одговорните правни лица пред склучување на спогодбите го платија целиот износ на данок што го затаиле во вредност од 50.646.400,00 денари или 823.519 евра. Две правни лица обвинети и за „перење пари“, освен уплатениот данок, во текот на постапката уплатиле и средства во вредност од 3.760.068,00 денари или 61.139 евра, средства што ги пуштиле во оптек и на кои извршиле пренос со намера да се прикрие нивното движење. Заедно со пресудените казни во државниот буџет до сега се уплатени вкупно 59.658.568 денари или 970.058 евра.

Истражната постапка против 26 сопственици и управители на 28 правни лица беше започната на 30 октомври 2023 година. Во меѓувреме, истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на Обвинителниот акт почина е донесено Решение за запирање на истрагата.

Според содржината на диспозитивот на Обвинителниот акт обвинетите во својство на сопственици и управители на правни субјекти во периодот од 01.01.2019 година до 31.12.2021 година во име и за сметка на кривично одговорните правни лица во нивна сопственост и управување, не пресметале и не платиле данок – давачка на која биле законски обврзани. На овој начин, со намера за себе да се стекнат со противправна имотна корист, осомничените предизвикале штета на Буџетот на Р.С. Македонија во вкупен износ од 490.808.618,00 денари или 7.980.627 евра. Парични средства што ги прибавиле со казниви дела во вкупен износ од 40.046.815 денари ги пуштиле во оптег, ги примиле и извршиле пренос на истите, по што ги подигнале во готово.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп: Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс го валкаат еден од најуспешните напади во историјата

June 25, 2025

Нетанјаху прогласи историска победа

June 25, 2025
Фото: Скриншот

Студентите во блокада со ултиматум до српската Влада: Бараат исполнување на две барања до сабота навечер

June 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Извештајот на Вајц пројде во Брисел, Мицкоски доживеа дебакл од сојузниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јонузи: Политичките елити да не ги затвораат очите пред идеолошкото инфилтрирање од Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Година дена Влада на Мицкоски: Европската интеграција во ќорсокак – уставните измени во застој, економски раст на хартија, инфлација на терен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Првите слики од опсерваторијата „Vera Rubin“ ја отвораат новата ера на космичко истражување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk