Зголемувањето на министерствата не е во десничарската идеологија, напротив тие сакаат помала и ефикасна администрација. Ние имаме пандемија на превработеност во јавната администрација и со реорганизацијата на владиниот состав и зголемување на министерствата не знам дали ќе има некаков ефект и добро за граѓаните или е само обично политиканство, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски во интервју за ЦИВИЛ Медиа, на прашањето дали реорганизацијата на владините ресори ги отсликува реалните потреби или е резултат од компромиси и пазарење меѓу политичките партии?
„Не се навестува дека Владата ќе биде космополитска и ќе има отворена надворешна политика, притоа електоратот ќе го придвижат толку на десно што потоа и да сакаат да направат нешто со Преспанскиот договор, еве гледаме едвај исцедена изјава на премиерот Мицкоски на положувањето на заклетвата со Северна Македонија, дури и да сакаат да направат нешто тоа ќе ги чини рејтинг. ВМРО-ДПМНЕ тешко се одлучува на непопуларни потези, односно на одлуки за кои знаат дека не поминуваат добро на анкетите“, вели Арсовски.
Со Арсовски зборувавме и за тоа што ќе се случи доколку ЕУ интеграцискиот процес не продолжи во 2024 година? Дали Северна Македонија ќе ја изгуби шансата да стане членка на ЕУ во догледно време? Дали стагнацијата на овој процес ќе предизвика кризи и дестабилизација?
Дали Северна Македонија ќе продолжи со јакнење на меѓународниот имиџ на соработка и прозападна ориентација или ѝ претстои период на изолација, односно свртување кон Исток?
Арсовски зборува и за најавената „милијарда“, како и за тоа дали „ЕУ ќе мора да почека“ прво да се спроведе „обнова на институциите“?
Политичкиот аналитичар Арсовски зборува и за тоа дали владата, политичките елити и другите општествено политички актери во земјата се подготвени за развој на мултикултурализмот и заштита од дискриминација и дискриминаторски политики по етничка основа во земјата?
Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Преземено: Цивил Медиа