ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен првиот прирачник за знаковен јазик на албански јазик во Северна Македонија

July 1, 2024 12:33
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Промоција на првиот прирачник за комуникација на знаковен јазик на албански јазик, Валдета Касапи, Аделина Хаскај фото: Коха.мк

Промоција на првиот прирачник за комуникација на знаковен јазик на албански јазик, Валдета Касапи, Аделина Хаскај фото: Коха.мк

Share on FacebookShare on Twitter

Комуникацијата преку знаковен јазик, за членовите на албанското општество во Македонија отсега ќе има дополнителна можност.

Здружението за култура и социјален развој – Kомуникација што ја објави првата книга/прирачник на знаци на албански јазик „Знаковен јазик на албански“ од авторките Валдета Касапи и Аделина Хаскај, која беше промовирана минатата недела  во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, известија медиумите на албански јазик  во Северна Македонија.

„Книгата доаѓа како голем благослов за луѓето кои комуницираат преку знаци, за нивните семејства и воопшто за албанското општество во Северна Македонија, бидејќи ќе ја олесни меѓусебната комуникација“, рече директорот на Институтот, проф. д-р. Скендер Асани.

Ценејќи ја високо одличната работа на Касапи и Хаскај во однос на зајакнувањето на инклузивноста, Асани рече дека вратите на ИДКНА  секогаш ќе бидат отворени за соработка од ваков карактер.

Идејата за изработка на ваков текст, како што објасни авторката Касапи, се родила пред неколку години, во времето кога таа истражувала за својата докторска дисертација од областа на комуникацијата.

„Во националните медиуми на Белгија, покрај прашањето за употребата на јазиците, односно лингвистиката, во сите национални телевизиски програми на таа земја беше регулирано и прашањето за употребата на знаковен јазик.

Но, и овде во Северна Македонија националните телевизии на македонски јазик почнаа да практикуваат присуство на знаковен јазик, но не и албански јазик“, посочи авторката Валдета Касапи.

Авторката Аделина Хаскај, која работи со ученици со посебни потреби во ОУ „Иднина“, рече дека во отсуство на книга на знаковен јазик, односно комуникација, Албанците досега учеле на македонски јазик.

Универзитетскиот професор Авзи Мустафа, вели дека оваа книга, освен што ќе ги задоволи потребите на овие студенти, може да послужи и како добар модел за составување на образовните програми од страна на Бирото за развој на образованието. Тој, исто така, побара од универзитетите да го вклучат знаковниот јазик како модуларен дел од нивните студиски програми.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

УХМР: Утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и град

НАЈНОВО

Д-р Трајановски: Ќе поднесам оставка ако не ги започнам трите клучни проекти во првата година, дали Митески е спремен да го вети тоа

October 27, 2025

Герасимовски: Немаат понуда, ќе победиме и покрај лагите и притисоците

October 27, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

ФК Аеродром: „Го осудуваме насилството во Слупчане, фудбалот мора да остане спорт на фер-плејот“

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk