ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Судењето за Жан Митрев одложено за 4 септември поради отсуство на сведоци

July 1, 2024 12:55
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Поради отсуство на сведоци, денешното рочиште за случајот против доктор Жан Митрев во Основниот кривичен суд во Скопје е одложено за 4 септември годинава.

Полицијата на двајца сведоци предложени од Обвинителството не можела да им достави покана на адресата на која живеат во Тетово и Гостивар, додека третиот сведок со поднесок до Судот побарал да се ослободи од сослушување од здравствени причини.

Јавниот обвинител, за економичност на постапката, даде предлог овие сведоци да бидат повлечени, но таквиот предлог не беше прифатен од одбраната, според која не биле исцрпени сите законски можности за нивно обезбедување и дека доколку не може да се обезбеди нивно присуство во судницата поради заминување во странство, дека тие може да бидат сослушани преку видео врска.

Во однос на барањето на третиот сведок за негово ослободување од сослушување, Судот посочи дека во доставеното известување биле содржани копии од здравствени белешки и побара тие да бидат доставени во оригинал.

Предметот се однесува на измама, односно, како што соопшти своевремено ЈО, прикривање на клучни факти во однос на хемофилтрацијата, метод за кој пациентите не биле јасно информирани за сите позитивни и негативни ефекти, со што тие биле доведени во заблуда, со цел противправно прибавување на имотна корист.

Предметот е оформен по допрен глас, откако се објави документарец во кој се тврди дека приватната болница „Жан Митрев“ им наплаќала на пациенти високи суми пари за хемофилитрација при лекување од Ковид-19, по што беше отворен и предметот во ОЈО Скопје.

Процесот го води судијката Лидија Петровска, а застапник на обвинението е обвинителката Искра Хаџи Василева.

Судскиот процес пред Основниот кривичен суд во Скопје започна во февруари лани, но поради истекот од 90 дена од последното одржано рочиште тој лани во ноември беше вратен од почеток. Процесот се наоѓа во фаза на доказна постапка, каде се изведуваат докази и се сослушуваат сведоци предложени од Јавното обвинителство.

Tags: Жан Митревсудење
Next Post

Замениците министри ќе бидат познати до крајот на неделава, на владина седница утре укинување на економските директори

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk