ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апел од РСБСП: Не користи мобилен телефон додека возиш

July 2, 2024 11:01
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Не користете мобилен телефон додека возите. Секој повик може да почека. Покажете грижа за вашата и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот, апелираат од РСБСП.

Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон.

– Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации, потенцираат од РСБСП.

Оттаму посочуваат дека користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само што го одвлекува вниманието, туку на момент возачот воопшто не го гледа патот и сообраќајот во кој е вклучен).

Според статистички податоци од релевантни институции од САД, возачите кои користат мобилен телефон додека возат имаат 23 отсто поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна несреќа отколку другите возачи, додека истражувањата на СЗО покажуваат дека користењето на мобилен телефон за време на возење ја зголемува опасноста од сообраќајна незгода за четири до девет пати.

Студија од Универзитетот во Јута, САД, покажува дека времето на реакција на млад возач кој користи мобилен телефон е исто како и на 70-годишен возач кој не користи мобилен телефон, додека според Транспортниот институт на Вирџинија испраќањето пораки за време на возење е шест пати поверојатно да предизвика сообраќајна несреќа отколку возењето во алкохолизирана состојба.

– Употребата на мобилен телефон додека се управува со моторно возило е ризична, опасна, но и спротивна на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Но, и покрај тоа, голем број возачи користат мобилен телефон додека управуваат возило со што го прекршуваат Законот и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот на патиштата, истакнуваат од РСБСП.

Tags: Возењемобилен телефон
Next Post

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

НАЈНОВО

Фото: КФСМ

Илиевски по победата над Унгарија: Напредуваме, но ништо не може преку ноќ

August 21, 2025

Годишната инфлација во ЕУ во јули 2,4 проценти

August 21, 2025

Активни пожарите во „Јасен“ и кај селата Беловодица и Церово, затворен патот Скопје – Македонски Брод

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МНОГУ ПАРИ МАЛКУ МУЗИКА: Политичката мапа и финансирањето на политичките партии во пресрет на локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk