„По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година. Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти“, соопштуваат од СДСМ..
Во исто време, како што се нагласува во соопштението, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво.
„Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие. Ова не е промена туку правец назад. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“, велат од СДСМ.
На соопштението од СДСМ реагира од ВМРО-ДПМНЕ:
„Наместо да коментираат работи кои имаа 7 години да ги анализираат, СДС и Филипче да се позанимаваат дали воопшто на следни избори ќе освојат пратеничко место. Партијата на гробарите на Македонија тандемот и браќата по корупција Зоран Заев и Венко Филипче наместо да се сокрие, некако крева галама за нешто што е одмината работа и кое имаа 7 години време да го анализираат како власт. Ако мислат дека се уште им проаѓаат таквите трикови и дека народот ги заборави кои се, се излажале“, истакнуваат во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.