Вчера, 09.07.2024 во ОН се одржа тркалезна маса на Глобалниот Форум на заедниците дискриминирани на работа и поради потеклото.
Северна Македонија е коспонзор на таа организација и нејзината работа во ОН и член на Неформалната работна група за изготвување на Декларација и Резолуција која ќе се усвои во ОН за заштита на правата на оваа групација најзагрозени малцинства кои заедно ги има 270 милиони во светот и се состојат од групи во Африка, Азија, Европа и Латинска Америка, Канада и САД (Роми во Европа и Азија, Далитс – недопирливите во Индија и Пакистан, Бурукумин – Азија , Мборос и Харатинс – Африка, Љуиломбола – Бразил, Паленљуе -Колумбија и др домородни малцинства во САД и Канада).
Овие малцинства се признаени како најзагрозени, на најдолната скала на заштита на правата и под закана од модерно ропство.
Амбасадорот Фрчкоски беше копретседавач на настанот и учествуваше со текст за моделите на можна заштита на правата кај овие малцинства и искуствата со инклузијата на Ромите во Западен Балкан и Македонија (за што мораше да го прекине на ден боледувањето бидејки настанот беше планиран и организиран претходно)
Постојана Мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк
Извор: Либертас
Фото: Постојана Мисија на Република Северна Македонија при ООН во Њујорк