ДУИ најави дека ќе го поддржи барањето на ССМ платите на работниците да бидат 450 наместо 370 колку што се сега.
„Демократската унија за интеграција во целиот период додека владееше со државата докажа дека го поддржува зголемувањето на платите на работниците, односно минималната плата.
За тоа сведочи и зголемувањето на минималната плата, особено во последните 7 години, каде што имаме зголемување од над 100% на минималната плата, и покрај тоа што се соочуваме со светската криза од СОВИД-19 и енергетската криза.
ДУИ секогаш во својата Програма има еден од главните приоритети за подигнување на животниот стандард на граѓаните.
Затоа, ДУИ без задршка го поддржува барањето на ССМ, кои бараат приходите на работниците да бидат најмалку 450 евра, наместо досегашните 370 евра“, се вели во соопштението на ДУИ.
Д. Т. / Цивилн Медиа