ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

July 12, 2024 13:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СВЕТ
Фото: foreignpolicy.com

Фото: foreignpolicy.com

Share on FacebookShare on Twitter

АД ќе работат со Северна Македонија и Грција да ги одржат придобивките од Договорот од Преспа, соопштиле од Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски јазик во врска со реакциите на официјална Атина за употребата на уставното име на државата од страна новите власти во Скопје.

– Договорот од Преспа беше историско достигнување во отклучувањето на безбедносните придобивки во јужна и источна Европа. САД го поддржуваат овој витален договор, ја повторуваат важноста од почитување на истиот и ќе работат со сите страни за да ги одржат неговите придобивки, велат од Стејт департментот.

Премиерот Христијан Мицкоски кој престојува во Вашингтон на Самитот на НАТО, кога стана премиер, кажа дека дома ќе ја вика државата Македонија, а надвор, во официјален контекст – Северна Македонија, јави МИА.

Мицкоски, како што пренесува Гласот на Америка, изминативе три дена во Вашингтон, во јавните изјави и објави на социјалната мрежа Икс, ја нарекуваше државата Македонија, а јавно официјалното име на државата го кажа наколку пати на дебата во Школата на меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Во Вашингтон е и претседателот на грчката Влада Киријакос Мицотакис, но премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот, сепак не остварија билатерална средба, нешто што секако не ни беше претходно најавено. Портпаролот на грчката Влада на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, одговарјаќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина зошто Мицкоски и Мицотакис не се сретнаа, кусо одговори дека она што знае е дека не се одржа средба и дека не знае нешто повеќе.

Мицотакис, на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, кажал дека премиерот Мицкоски на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО го користел уставното име на државата. Мицотакис, сепак, ги информирал колегите во НАТО оти не се спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а тоа е името Северна Македонија да се употребува ерга омнес, што значи внатре и надвор од државата.

Тој кажал и дека „Грција во овој момент нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање за да одговори на евентуалното инсистирање на раководството на соседната земја на оваа тактика“

Tags: ГрцијаДоговорот од ПреспаСАД
Next Post
Фото: Скриншот

На крајот на 75. Самит во Вашингтон, НАТО го одобри договорот за долгорочна воена поддршка за Украина

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk