ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“

July 13, 2024 09:22
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Како засилување на силите што го гаснат од земја, пожарот во општина Неготино, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз огнените јазици на планината Серта. Полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два „ер трактори“ кон Серта ќе полетаат во 10 часот, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

– Апелираме до месното население за поголема ажурност, следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа синоќа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа.

Ова општинско тело, формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР.

Пожарот на неготинска територија избувна во средата околу 10.30 часот.

– Потпишавме договор со двајцата пилоти и за многу кратко време ќе бидат ангажирани во гаснењето на пожарите во Неготинско. Пилотите се веќе тргнати накај аеродром, треба да поминат некои процедури пред да бидат спремни да летаат и за многу кратко време ќе се вклучат во гаснењето, изјави Максути за МИА.

ДЗС вчера потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“

Директорот не сакаше да открие за колкава плата двајцата пилоти се вратени. Во разговор за МИА минатиот месец, Максути рече дека за враќање на двајцата обучени пилоти, ДЗС бара од Министерството за финансии плата во висина од 300.000 денари, бидејќи работното место пилот во ДЗС со плата од 72.000 денари е неатрактивно.

– Мислам дека тоа не би требало да е предмет сега, бидејќи создаваме тензии помеѓу другите пилоти. Она што е битно е дека истите се ангажирани, потпишан е договор со нив, вратена е оперативноста од страна на авио-одделението и тие од денеска се активни во гаснење на пожари, рече Максути.

Next Post

Компанијата Мета ќе отстрани некои ограничувања на профилите на Трамп на Фејсбук и Инстаграм

НАЈНОВО

Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

October 31, 2025

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk