ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Агелер: Жално е што претседателката, кога даде заклетва, не го користеше уставното име

July 15, 2024 08:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: english.sakshi.com

Фото: english.sakshi.com

Share on FacebookShare on Twitter

САД се најважниот стратешки партнер на Северна Македонија и нивната цел е да ја поддржат, а не да се мешаат во внатрешните работи на земјата, изјава американската амбасадорка Ангела Агелер во интервју за емисијата „200“ на Алсат.

Прашана за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека станува пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи земјата, таа вели оти се надева дека не мислел на неа.

– Нашата намера никогаш не е да се мешаме. Отсекогаш  наша намера било  да ве  поддржиме. Одлуките кои се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во рамките на судството, се одлуки само на челниците на оваа земја. Ние не кажуваме кој треба да седне во кој било суд. Ние не кажуваме кој треба да биде член на кој било совет. Дали има широко распространета корупција во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 проценти, тоа е разочаривачки, рече Агелер.

Во врска со уставното име, Агелер кажа дека САД јасно ставиле до знаење дека меѓународните договори мора да се почитуваат за земјата да оди напред. Според неа, дебатата за употребата односно неупотребата на уставното име е дефокусирање од прашањата кои се важни за гласачите.

– Мислам дека премиерот или неговите министри не го сторија тоа. Жално е што претседателката, кога даде заклетва, не го користеше уставното име. Мислам дека видовме дека ова резултираше со тековна дискусија-дали е надвор од претседателството или не, надвор од тој кабинет, што велат изјавите, како изгледаат документите, такви работи. Искрено, ова е одвлекување на вниманието од прашањата што се важни за гласачите во оваа земја, изјави Агелер.

Таа во интервјуто вели дека добила известувања од новата Влада дека договорот на „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите нема да биде раскинат. Што се однесува до американската „црна листа“, таа истакна дека очекува властите да го спроведат законот.

Tags: АгелерСАД
Next Post

Портокалово ниво за опасност од високи температури, промена на времето од петок

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk