Оваа сабота, со стартот во Вилабаса во Италија, Доломити Супербајк го одбележа 29то издание на легендарниот маратон во планински велосипедизам. На патеката со речиси нереална ,,сценографија”, Јужен Тирол и Алпскиот венец, изминувајќи 85км и 2511м висинско искачување, Дуња Иванова како единствен македонски претставник, се рангираше на 12та позиција во женска сениорска категорија помеѓу европски и светски првенци, олимпијци, медалисти и звучни имиња од Светската маунтинбајк ранг листа.
На годинешниот маратон, стартуваа повеќе од 5000 натпреварувачи на три различни патеки. Иванова, со нејзиниот пласман избори дополнителни УЦИ бодови за подобрување на позицијата на светската ранг листа пред Европското првенство кое ќе се одржи во Данска на 18ти Август.
Фото: Спортограф
Ј. Ѓ.