ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концерт на ФАМЕ’С Институт и Веско Ешкенази вечер во Филхармонија

July 15, 2024 11:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: ФАМЕ’С Институт

Фото: ФАМЕ’С Институт

Share on FacebookShare on Twitter

Концерт на ФАМЕ’С Институтот Оркестар предводен од светскиот виолинист Веско Ешкенази ќе се одржи вечер во камерната сала на Филхармонија. Како гостин концерт мајстор и ментор на оркестарот на овој концерт, ќе настапи и виолинистот од Бугарија Евгени Ноев.

Овој концерт се реализира во соработка со бугарскиот Културно информативен центар во Скопје. На концертот ќе бидат изведени „Серенада за гудачи“ од Чајковски, како и „Лето од четирите годишни времиња“ од Вивалди.

ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културни ентитети.

Веско Пантелеев–Ешкензи, концертмајстор на Кралскиот Концертгебау оркестар во Амстердам, потекнува од семејство на познати музичари. Од многу мала возраст покажува фантастични успеси како виолинист и веќе на свои 11 години, тој е концертмајстор на Младинската филхармонија „Пионер” под раководството на проф. Влади Симеонов.

Лауреат е  на меѓународниот натпревар „Виењавски” во Познан, меѓународниот натпревар во Пекинг и натпреварот „Карл Флеш” во Лондон. Носител е и на наградата „Музичар на годината” за 2010 која ја доделува Бугарското национално радио.

Како концертмајстор, соработувал со светски имиња како  Монсерат Кабаје, Пласидо Доминго, Алексис Вајсенберг, Јури Башмет, Мстислав Ростропович, Марис Јансонс, Бернард Хаитинк, Рикардо Шаји, Курт Мазур, сер Колин Дејвис, Карло Марија Џулини, Сеиџи Озава, Емил Чакаров…

Евгени Ноев Николов започнал да свири виолина уште од рана возраст и дипломирал на бугарското национално музичко училиште „Л. Пипков“ во класата на проф. Евелина Арабаџиева. Своето образование го продолжил на бугарската Национална музичка академија „Панчо Владигеров“, каде што дипломирал и магистрирал под раководство на проф. Петар Христосков. Евгени е музичар кој настапува како солист, но и во различни камерни состави и оркестри. Од јануари 2024 година е концерт-мајстор на оркестарот на Софиската опера и балет. Во 2018 година, заедно со сопругата, италијанската пијанистка Татјана Мајони, го основа дуото Артихармонија, со кое се активни преку бројни музички проекти на националната и меѓународната сцена.

Tags: Веско ЕшкеназиФилхармонија
Next Post

Петровска: Прво владино патување, прв скандал, Мицкоски си го земал синот во делегација во САД

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk