Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава на Мицкоски кој вели дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола. Ваквите паушални изјави покажуваат дека воопшто не е загрижен, ниту ја има состојбата под контрола. Наместо да биде дел од кризниот штаб и да се информира за состојбата, тој се обидува си прави партиски прошетки во Охрид за дневни ПР промоции на проекти од времето на СДСМ, реагираат со соопштение СДСМ..
Оттаму велат дека „задоцнетата реакција и слабата координација придонесоа да се касни со гасењето на пожарите. Се доцни со екипирање на домашните ресурси и со барање на дополнителна поддршка. Апсолутно ништо не е под контрола ниту добро изменаџирано во однос на пожарите во неготинско. Граѓаните тврдат дека речиси целата планина Серта е изгорена“.
ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ во соопштението, демонстрира исклучителна неспособност за владеење во првите недели од мандатот. Наместо реална работа и грижа, нив ги интересира само себепромоција и фрлање лопати. Веќе видено сценарио кое јасно потврдува дека во оваа партија ништо не се сменило, се наведува во реакцијата од СДСМ.