ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конститутивно заседание на новиот состав на Европскиот парламент

July 16, 2024 09:31
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до петок во Стразбур ќе се одржи конститутивно заседание на новиот состав на Европскиот парламент, во чии рамки главен настан ќе биде гласањето за реизбор на Урсула фон дер Лајен за претседателка на Европската комисија, предвидено за в четврток.

Заседанието започнува претпладнево со конституирање на Европарламентот и со избор на негов претседател, функција за кој кандидат е досегашната вршителка на оваа должност, Малтежанката Роберта Мецола, која доаѓа од редовите на Европската народна партија (ЕПП). Мандатот за кој треба да биде реизбрана Мецола е две и пол години. Гласањето ќе биде тајно.

Дополнително на денешниот дел од заседанието европратениците ќе ја започнат постапката за избор на 14 потпретседатели на Европскиот парламент, која се очекува да продолжи и утре. Потпретседателите се бираат во три круга, при што во првите два за да биде избран кандидатот мора да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број на европратеници што гласале, додека во третиот круг за избран се смета кандидатот што ќе добие најмногу гласови, независно од мнозинството.

По изборот на потпретседателите, европратениците ќе преминат на избор на петмината квестори, чија функција е да ги надгледуваат административните и финансиските прашања кои директно ги засегаат членовите на Европскиот парламент, а вршат и другите должности што им се доделени со Деловникот на ЕП или парламентарното Биро. Бирото на Европарламентот го сочинуваат претседателот, потпретседателите и квесторите. Петмината квестори се бираат од редовите на европратениците со мандат од две и пол години.

За в среда е предвидена и постапката за формирање на комисиите и делегации на Европарламентот. Европратениците ќе гласа за бројниот состав на постојаните комисии и поткомисии, како и на интерпарламентарните делегации на ЕП. Членовите на комисиите, поткомисиите и делегациите ќе ги номинираат политичките групации во Европскиот парламент и нивниот состав треба да биде објавен на последниот ден од овонеделното заседание в петок.

За следната недела се предвидени конститутивните седници на комисиите на кои треба да бидат избрани нивните претседатели и потпретседатели.

Заседанието на Европарламентот в четврток ќе започне со обраќање на кандидатката за претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која пред европратениците ќе ги претстави својата визија и планови за работа за следните пет години. По обраќањето на Фон дер Лајен предвидена е парламентарна расправа по презентираната програма за работа, по што за во 13 часот е закажано гласање за нејзин реизбор. Гласањето е тајно, а за да биде избрана Фон дер Лајен треба да добие апсолутно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници или 361 глас.

За в среда, исто така, е закажана и дебата за поддршка на ЕУ за Украина во справувањето со руската агресија, по што за во доцните попладневни часови е предвидено гласање за Предлог-резолуција за ова прашање.

Инаку, во пресрет на денешното заседание синоќа се одржа официјална церемонија на подигање на знамето на ЕУ пред зградата на Европарламентот.

Tags: ЕПЕУконститутивно заседание
Next Post

Царината заплени 7.800 евра - македонски државјанин сакал нелегално да ги изнесе од државата

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk