Фудбалерот на Челзи, Енцо Фернандез се извини за навредливото скандирање за време на прославата за победата на Аргентина од 1:0 над Колумбија во финалето на Копа Америка. Во автобусот по мечот, играчот од средниот ред заедно со сонародниците пееше расистичка песна со која ги навреди фудбалерите на француската репрезентација.
Le football en 2024 : racisme décomplexé 🤦🏽♂️🤦🏽♂️🤦🏽♂️ pic.twitter.com/MGkH5wPmNU
— Wesley Fofana (@Wesley_Fofana3) July 16, 2024
– Би сакал искрено да се извинам за видеото објавено на мојата страница за време на прославата на победата. Песната содржи многу навредлив јазик и нема апсолутно никакво оправдување за овие зборови. Се спротивставувам на дискриминацијата во сите форми и се извинувам што ме фати еуфоријата од нашата победа во Купот на Америка. Ова видео, овој момент, овие зборови не ги одразуваат моите верувања или мојот карактер. Навистина ми е жал, напиша Енцо на социјалната мрежа.
Француската фудбалска федерација ќе испрати барање до ФИФА да преземе мерки во врска со инцидентот.