ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитровска: Владата сè уште нема доставено податоци до ДКСК за патувањето на синот на Мицкоски во Вашингтон, роковите течат

July 18, 2024 08:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) Татјана Димитровска изјави дека по допрен глас оформиле предмет во однос на патувањето на синот на премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон на Самитот на НАТО и испратиле допис до Генералниот секретаријат на Владата со барање да им биде доставена целокупната документација.

– ДКСК има надлежност да проверува како се трошат парите од буџетот на државата, односно од даночните обврзници. Оформивме предмет по допрен глас, односно по информации добиени од медиумите во врска со сомневања дека премиерот заедно со член на неговото семејство бил на патувањето кое беше организирано во однос на Самитот во Вашингтон, а е на товар на буџетот на државата. Станува збор за предмет што е во надлежност на постапување на ДКСК, веднаш оформивме предмет, доставивме барање согласно нашите надлежности до Генералниот секретаријат на Владата за да потврдиме дали сите трошоци поврзани со ова патување се платени од буџетот на државата и во која улога, односно функција е присутен членот на семејството, поточно синот, бидејќи  една од нашите надлежности е да утврдиме судир на интереси, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.

Таа наведе дека тече рокот на обезбедување на податоците односно Генералниот секретаријат има рок од 15 дена да ја достави целкупната барана документација, во спротивно, посочи, доколку не се достават податоците во законски утврдениот рок, ДКСК има надлежност, да покрене прекршочна постапка.

Димитровска потенцира дека засега немаат политички притисок ниту од која било политичка партија од позиција или од опозиција, и нема да дозволат притисок од која било структура на моќ – политичка, бизнис, медиуми, јавност и дека ќе си го сочуваат интегритетот и ќе работат независно.

Во однос на тоа каква документација е побарана, таа кажа дека е побарана поканата за настанот која ја има добиено МНР, и целокупната финансиска и останатата документција во врска со сите трошоци кои се направени за потребите на овој настан.

-Нашиот пристап е и прецизно да потенцираме кои документи се потребни. Ова не го кажувам за да се правдаме или дискутираме дали ДКСК правилно постапила во барањето и дали остава сомнеж дека нешто сакаме и ние како Комисија да обезбедиме или не, но секогаш постои можност и во текот на испитување на документацијата да се обезбедат дополнителни документи, рече Димитровска.

Прашана дали премиерот може да биде придружуван од синот на вакви патувања, таа посочи дека етичкиот кодекс на сите избрани и именувани лица, што го има донесено Владата, уредува дека на вакви настани организирани од меѓународни институции или на покани е дозволено премиерот да има придружба од партнер, партнерка, односно од брачен другар.

Димитровска вели дека не гледа пречка премиерот Мицкоски да ги покаже јавно сметките за патувањето на синот, со оглед на неговите тврдења дека тоа не било на товар на буџетот на државата, односно било покриено од свои приватни извори на финансирање.

ДКСК барањето до Генералниот секретаријат на Владата го доставила на 15 јули, а на 30 јули истекува рокот до кога до Комисијата треба да биде доставена целокупната документација за овој предмет. Согласно законската процедура, доколку не им биде доставена документацијата во тој случај ќе достават информација и до МВР, Финансовата полиција и ЈО.

Tags: ДимитровскаДКСКМицкоски
Next Post

Бајден: Би ја преиспитал одлуката за учество во трката за реизбор во случај на здравствен проблем

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk