Интернетот ја избра својата нова омилена национална униформа на претстојните Олимписки игри во Париз 2024: Монголија, пренесува Си-Ен-Ен.
Со сложено извезени елеци, плисирани наметки и додатоци инспирирани од традиционалната облека, облеката за церемонијата на отворање и затворање во земјата ги зафати социјалните мрежи откако беа претставени минатата недела.
Дизајните се дело на Michel&Amazonka, бренд со седиште во Ulaanbaatar која произведува облеки кои „ја изразуваат суштината на монголската традиција и култура“ во она што брендот го нарекува „современа светлина“.
Брендот ги откри своите дизајни преку серија сјајни фотографии и видео снимки што потсетува на луксузна модна кампања. Облеките на спортистките доаѓаат со свечени обетки и везени чанти, додека машките знаменосци ќе носат капа за стрелаштво, појас и традиционални монголски чизми.
Фото: Instagram / Michel&Amazonka
Дизајните ги вклучуваат националните бои: сината, црвената и белата, како и разни традиционални обрасци и мотиви, вклучувајќи го и симболот „Soyombo“ што се појавува на знамето на земјата. Исто така се појавуваат и мотивите поврзани со Париз и Олимписките игри, имено Ајфеловата кула и олимпискиот оган.
Изработката на облеката траеше во просек по 20 часа, според монголскиот национален олимписки комитет.
Фото: Michel&Amazonka
Униформите привлекоа внимание на социјалните мрежи – особено TikTok, каде модните и спортски коментатори ги поздравија дизајните. „Тие штотуку ги освоија Олимписките игри уште пред да започнат“, рече стилистот Ryan Yip во видеото прегледано над 2 милиони пати.
На страницата на брендот на Инстаграм, корисниците насобраа дополнителни пофалби за облеката. „Најубавата униформа досега“, гласеше еден коментар. „Толку сложени и убави дизајни! напиша друг корисник.
View this post on Instagram
Компанијата снована од сестрите Michel Choigaalaa и Amazonka Choigaalaa, Michel и Amazonka претходно ги дизајнираа облеките на монголскиот тим за Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 и Летните олимписки игри во Токио 2020 година, каде земјата освои еден сребрен и три бронзени медали.
Монголија учествувале на сите летни олимписки игри освен во 1964 година. Нацијата без излез на море ги освои своите први – и досега единствени – златни медали (во џудо и бокс) на игрите во Пекинг во 2008 година.
Оваа година, земјата испраќа повеќе од 30 спортисти на Олимписките игри во Париз, кои започнуваат на 26 јули. Монголските спортисти ќе се натпреваруваат во девет различни спортови, вклучувајќи велосипедизам, стрелање и борење.
Други дизајнери за униформите за Игрите, Berluti ги дизајнираше униформите на церемонијата за отворање и затворање на Франција, а Ralph Lauren повторно ќе ја облече екипата на САД, што го прави тоа на сите Олимписки игри од 2008 година. Велика Британија, во меѓувреме, се сврте кон брендот за машка облека Ben Sherman.
Подготви: Б. Т.