На маргините на Самитот во Лондон, се сретнав со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Разговаравме за евроинтеграцискиот пат на Македонија и идните чекори на Унгарија како претседавач со Европската унија, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.
„Добрите билатерални односи помеѓу двете земји ќе продолжат во насока на зајакнување на полето на економијата и енергетиката.
Исто така се заблагодарив за досегашната поддршка и соработка од страна на Унгарија.
Продолжуваме посветено да работиме за интересите на граѓаните“, истакна премиерот на нашата земја, Христијан Мицкоски.