Од ДУИ имаа реакција каде плачеа зошто е тргната функцијата економски директор во Министерството за здравство. Сосема непотребна позиција со која ДУИ ги имаше „честеше“ своите луѓе, реагира министерот за здравство Арбен Таравари.
„Значи ДУИ и замери на Владата што штеди пари на граѓаните и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ…
На оваа партија и требаат две работи:
Добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што и се подготвуваат. Да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет…“, пишува Таравари