Центарот за управување со кризи (ЦУК) утринава информираше за состојбата со пожарите кај Баделен и Велуса, во Струмичко, кај Конче и Штурово, во Радовишко, како и за пожарот кај Кованец, во Гевгелиско.
Како што пренесуваат од ЦУК, Регионалниот ЦУК Струмица известил дека пожарите кај Баделен и Велуса немаат активно горење, но по тројца пожарникари со по едно теренско возило и припадници на полицијата го контролираат теренот.
Од ЦУК додаваат дека Регионалниот ЦУК Радовиш известил дека пожарот кај Конче нема активно горење и сите луѓе се повлечени, додека пак, кај пожарот во Штурово присутни се петмина пожарникари и 15 војници кои го контролираат теренот.
Пожарот кај Кованец, во Гевгелиско нема активно горење, информираат од ЦУК.