Објавата ја пренесуваме во целост:
– Во Тирана пристигнав на 5 ти јануари 2021 година. Културно информативен центар на Република Северна Македонија, воопшто не постоеше. На почетокот, живеев во хотел, барав стан и започнaв од состојба, нула, Сиве години, работев сам, немав помошник, возач или секретарка, така остана до 5 ти јули 2024.
Имајте на ум, овој простор не е поранешна Југославија, овде не можеш да се повикаш на тие вредности и вам важни културни појави. Луѓето речиси ништо не познаваат од она што е наша култура, имиња и појави, исто како што и кај нас, многу малку се знае за овдешната историја, култура, имиња и големи феномени.
– Дојдов со зацртана програма и јасна намера, да се направи нешто добро и ново, Мојот концепт беше, подобро 5 големи и многу посетени настани, отколку 20 настани со по три четворица посетители. Намерата ми беше, културно инфоративниот центар да не биде мала ,,туристичка агенција,, за патување на нашите уметници, без видлив и голем резултат, туку нашиот Киц да биде составен дел од културниот живот на овој град. Многу ми беше важно, нашите уметници да настапуваат пред многубројна публика и во најдобар случај, тука да им се отвори простор за некаква нивна следна работа, независно од центарот.
– На 15 ти јануари најдов стан за мене и мојто семејство.
– На 20 ти јануари, имав свечен прием во кабинетот кај градоначалникот на Тирана, господинот Ерион Велиај и неговите службеници.
– Март 2021, Најдов соодветен простор за нашиот Киц во Тирана и пристапив кон негово скромно опремување и уредување. Идеата ми беше со малку пари, да изгледа како њујоршка галерија
– Април месец бев во посета на селото Пустец во Република Албанија, каде живее македонско малцинство. За таа прилика, надвор од државниот буџет, приватна фирма ми отпечати 100 цедеа со неколку музички нумери меѓу кои и една песна направена за нашата азбука. Исто така отпечатив и 100 детски маички на која е испишана кирилицата, азбуката. Цената на овој потфат беше 1000 еур (пари надвор од нашиот бует) Ова беше мој подарок за децата. Таму останав 3 дена, децата ги научив да ја пеат азбуката и снимив голем и важен видео матерјал како и многубројни фотографии.
– На 29 април, центарот беше ставен во функција. !!!
– На 10 ти јуни беше свеченото отворање.
На отворањето, присуствуваа мнозина видни личности од политичкиот и културен живот на Република Албаниа, дојде градоначалникот на Тирана господинот Ерион Велиај, албанската министерка за култура Елва Маргарити, мнозина странски дипломати на работа во Тирана и гости од Република Северна Македонија.
– Целиот период остварував средби со мнозина мене тогаш непознати личности од тиранскиот културен живот, отворајки простор за идна соработка. Наидов на одличен прием.
– Септември беше првиот концерт на отворен простор во центарот на градот, каде нашите артисти,, Trinity Strings ,, од Скопје, изведоа познати нумери од класична и танго музика. Октомври месец ја предадов предлог програмата за 2022.
– Декември, направив изложба на еден македонски сликар, (Abdurrahim Sulejmani) кој сам си плати се што е потребно за една сликарска изложба, транспорт, кетеринг, местење слики и сл. Оваа изложба беше многу важна за мене, затоа што донесе многу гости и луѓе од културниот живот на Тирана, нешто кое подоцна многу ми помогна во реализација на нашата програма
- 2022 – Изминатава година, започнав со активности на крајот од 2021, поточно на 27 декември со изложба на сликарот Абдурахман Сулимани, изложба која остана и во јануари 2023, изложба која ја добивме бесплатно и на која можевме да видиме повеке 30 негови дела. Паралелно, на истата изложба промовиравме македонски производ, ајвар (добивме бесплатно, повеке од 200 тегли Мамас ајвар) и македонска музика, каде настапи кларинетистот Благојче Трајкоски и неговиот Манаки оркестар. Ова беше исклучително посетен настан на кој дојдоа мнозина гости, уметници, глумци и писатели, како и дипломати од Јапонија, Турција, Чешка, Хрватска, Словенија, Молдавија, беше присутен и албанскиот министер за внатрешни работи, господинот Бледар Чучи и мнозина други личности од политичкиот живот на градот Тирана.
- На 1 февруари во нашиот центар дојде господинот Сислеј Џафа, албански визуелен артист, кој живее и работи во New York, исклучително успешен, уметник кој изложувал во многу земји низ целиот свет. Тој го посети нашиот центар и при тоа организирав дебата на која беа присутни уметници од Тирана. Темата на нашата дебата беше, македонско-албанските односи, политички и културни. Од мнозина беше изразено големо задоволство од отворањето на нашиот Киц и почетокот на мојата работа овде. Поводот за неговата посета, беше токму тоа, да изрази почитување и задоволство од постоењето на нашиот Киц и мојот пристап и начин на работа.
- На 15 април 2022 се случи отворање на изложбата од почитуваниот артист, господинот Зоран Кардула, заедно со неговиот гостин, Dj Uzun Baba. Настанот помина исклучително добро и со голема посетеност, при што имавме гости од неколку амбасади, Јапонија, Германија, Хрватска, Косово, Србија, Франција. Посетителите имаа можност да видат 13 авторски дела од Кардула, да слушаат убава музика, секој посетител доби подарок по еден беџ од сликите и истовремено, направив промоција на Крушевскиот локум, нешто што предизвика големо внимание и интерес за Крушево како град и за нивниот особен деликатес. Истата вечер, германската амбасада откупи едно дело од кардула.
- На 11 мај 2022 се случи, промоција на книгата од писателот и дипломат, Јордан Плевнеш која е преведена на албански јазик, ,,Осмото светско чудо,,Во прекрасна атмосфера за книгата зборуваа : Кујтим Чашку – декан на тиранската филмска академија ,,Маруби,, господинот Бен Андони, најпознат книжевем критичар во Албанија, Хакиф Мулиќи драматург и уметнички критичар, како и Агим Полошка, преведувач на романот. Извадоци од томанот читаа, Лаерти Васили, еден од најпознатите актери на националнт Албански театар,, актерката Јоана Карај. Излагањето на почитуваниот Кујтим Чашку, заврши со зборовите, дека ова е роман кој не е важен само за новата македонска, ами уште повеке за новата албанска литература. Бен Андони, книжевен критичар, преведувач на Меша Селимовиќ, романот го спореди со најголемите дела на балканската литература, правејки паралели помеѓу делата на Милорад Павиќ и роман на Јордан Плевнеш.
Таа вечер беа присутни мнозина гости од уметничкиот тирански живот, дипломати, вклучително и водачот на бектешиите, господинот Баба Монди. За музиката се погрижија, тиранскиот состав ,,Звездите на Тирана, свирејки балкански традиционални теми, битолски и корчански серенади.
- На 2 јуни 2022 во просториите на македонскиот културен центар во Тирана настапи триото Аперто од Скопје и се отвори изложба на познатиот тирански сликар, Мухамет Керпачи. Настанот беше во организација на нашиот Киц во Тирана и винаријата ,,Шехи,, од Тирана. (добивме бесплатно вино и кетеринг) Посетителите уживаа во прекрасната изведба на класични пoпуларни музички автори, вкусовите на тиранското вино и сликите од мајсторот Керпачи.
- На 6 јуни 2022, настапи групата Љубојна, на отворен простор во центарот на Тирана, каде пред многубројна публика имаа неверојатно убав прием и прекрасен концерт. Овој настан се случи на фестивалот ,,Clouds,, на просторот Ера, познато тиранско место кое во летниот период е преполно со луѓе. Овој настан неверојатно важен и посетен, беше потпомогнат и од општина Тирана, добивме бесплатен разглас, реклама, сместување за музичарите и сл.
- На 13 јуни 2022 во организација и со финансиски средства од општина Тирана, се одржа голем концерт на двајца композитори, Fatos Qerimaj и Ориѓански, еден од Тирана, другиот од Скопје, секој со половина час своја музика, изведена од симфонискиот оркестар ,,Hybrid simphony,, составен со музичари од Атина, Тирана и Приштина.
Fatos Qerimaj беше диригент, оркестарот изведе дел од неговата прекрасна филмска музика, Ориѓански се претстави со дел од музиката за ,,Пред дождот,, и музика пишувана за театарските претстави на Унковски.
После еден месец од овој настан, националната Албанска телевизија, истиот концерт го емитуваше неколкупати на нејзиниот канал.
- На 18 јуни 2022 во салата ,,Тонин Харапи,, во Тирана настапи македонскиот виртуоз со своето трио, Влатко Стефановски. Овој настан беше во состав на фестивалот ,,Albania guitar festival,, и предизвика големо внимание. На овој настан беа присутно многубројни гости и луѓе од дипломатскиот кор, како и албанската министерка Елва Маргарити, која неколку дена пред концерот, објави на својата фејсбук страница, дека во Тирана ке дојде големата балканска звезда, Влатко Стефановски.
- Истата вечер веднаш после завршувањето на концертот од Влатко Стефановски, нашиот Киц во Тирана доби значајно признание од градот, подарувајки на директорот Златко Ориѓански, една стаклена саат кула, (симбол на Тирана) признание кое се доделува на луѓе што ке направат нешто добро и убаво за нивниот град.
- На 22 јуни 2022, албанскиот писател Елви Сидери ме покани во Приштина на промоција од неговата најнова книга. На промоцијата тој ме претстави пред тамошната публика и посака да раскажам за мојата работа и нашиот Киц во Тирана. Ова наиде на многу убав прием кај публиката. Денес, честопати се случува, посетители на одредени наши настани или на нашиот Киц, да бидат и луѓе од Косово, затоа што веке добро знаат за нашиот Киц во Тирана.
- На 30 јуни 2022 настапија ,,WOODWIND QUINTET PHIL-harmonic FIVE од Скопје во Големиот тирански парк. Овој настан беше посебен, затоа што се случи на отворено, поточно на сцената близу тиранското езеро и предизвика внимание од многубројните посетители во паркот.
- На 2 ри октомври 2022, беше отворена изложбата на концептуалната уметница, Елита Алити, наречена ,,Touch,, на која беа поканети и лица со оштетен вид од заводот за слепи во Тирана, како и деца од центарот за Даун Синдром во Тирана.
- На 13 октомври 2022 настапи младата пијанистка Ивана Мазнејкова претставувајки се со дела од Цезар Франк, при тоа, Ивана имаше чест да го отвори фестивалот ,,Магична флејта, познат во Тирана како фестивал на класична и експериментална музика. Нејзиниот настап беше снимен од Албанската национална Тв и подоцна емитуван на нивниот канал.
- На 30 октомври 2022 се префрливме во градот Корча, каде организирав ,,Три дена македонска култура,, Првиот ден имаше бесплатни часови по македонски јазик, вечерта се случи отворање на изложба од Зоран Кардула и настап на блуз бендот ,,In the mood,, Вториот ден имаше поставка од музејот во Битола, додека третиот ден, имавме концерт на хорот Менада од Тетово и веднаш после концертот, благодарејки на македонската кинотека, направивме проекција на филмот ,,Медена земја,,
ЗАБЕЛЕШКА : Изминатата година, центарот успеа, надвор од државниот буџет да донесе : 200 тегли со ајвар во вредност од 1000 еура. 70 шишиња македонско вино од разни производители, преку ,,Вина од Македонија,, во вредност од 500 евра, компанијата Original од Тирана која се бави со продажба на Camel цигари, го помогна концертот на Влатко Стефановски со 2.000 еура. Сето ова значеше помагање на нашиот скромен буџет во Киц Тирана, со вкупна вредност од 3.500 евра.
– Изминатата година имавме голема посетеност на Киц во Тирана. Покрај тиранчаните, овде беа, албанскиот министер за внатрешни работи, господинот Бледар Чучи, министерката за култура на Албанија, госпоѓата Елвита Маргарити, градоначаникот на Тирана, господинот Ерион Велиај, директорот на управата за јавни приходи во Албанија, амбасадори на Франција, Англија, Турција, Германија, Чешка, Украина, Хрватска, Словенија, Косово, Молдавија, Јапонија, Србија, Кралството на Саудиска Арабија, дел од познати албански фудбалери, глумци и писатели. Истовремено, нашиот Киц беше посетен од наши високи функционери, премиерот Ковачевски, вице премиерот Маричик, вице премиерот Артан Груби, министерката за Култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за внатрешни г. Оливер Спасовски, директорот на Бјб Сашо Тасевски, При нивната посета, добив плакета со благодарност од македонската полиција за мојата досегашна работа во Тирана, г. Али Ахмети и многу други.
– За сите настани, обезбедив фото и видео документација. Од видеата, имам во план да направам мал документарен филм, посветен на градот Тирана и работата на нашиот Културно информативен центар во овој град и земја.
2023 Програмата во Киц Тирана, беше остварена во целост и два месеци пред крајниот рок, Настрана од зацртаната програма, остварени беа уште неколку настани со финансиски средства најдени надвор од државниот буџет. Еве преглед по датуми за сите настани и посети во Киц Тирана.
- 11 јануари 2023, посета на Киц Тирана од страна на почитуваниот господин Алија Ахмети, вице премиерот Артан Груби и господинот Арбр Адеми, при што изразија големо задоволство од мојата работа и изгледот на нашиот Киц во Тирана.
- 13 јануари 2023, направив посета на фабриката за маски во Шкодра (Скадар) Фабрика која ги изработува маските за Венецискиот карневал и маски за светски познати филмови. Во срдечен разговор со директорот на фабриката, тој посака да ја посети нашата земја и да се направи изложба од маските во Скопје. Со малку добра волја, мислам дека оваа работа може да се направи во интерес на приближување на нашите две земји и народи.
- 01.февруари 2023, #StandWithUkraine
Пред многубројни гости и дипломати од повеке земји, Крис Атовска во нашиот Киц во Тирана ја претстави својата изложба на фотографии “StandWithUkraine” од нејзиното патешествие и воено известување од Украина, исто така, прикажа трајлер за нејзиниот долгомотражен документарен филм. Украинскиот амбасадор во Тирана, господинот Volodymyr Shkurov, изрази голема почит и благодарност кон нашата земја, за сета помош во нивната борба за слобода. Овој настан беше реализиран без употреба на државен буџет.
- 27 февруари 2023, На покана од University American College Skopje,одржав предавање пред тамошните студенти за работата на нашиот Киц во Тирана, неговата културолошка и политичка важност, прикажувајки ги сите наши активности во изминатиов период. Предавањето наиде на одличен прием кај студентите. На крајот одговарав на нивните многубројни љубопитни прашања и покажан голем интерес за Тирана, како и за релациите меѓу нашите две земји и народи.
- 10.март 2023, Изложба на неколкумина млади сликари од Македонија, ,,АGMIA,, заедно со млади сликари од тиранската академија за уметност. Во прекрасна атмосфера исполнета со мнозина млади луѓе, изложбата беше посетена и многу успешна. Следниот ден, професорите на Тирана академија за уметност, беа гости на нашиот Киц, каде разговаравме за следна соработка. Овој настан беше реализиран без употреба на државен буџет.
- 28 април 2023, Tirana jazz festival,, ITALY MEETS BALKAN,, имавме извонреден настап на скопската jazz blues група ,,In the Mood,, каде нашите музичари се претставија со целовечерен концерт кој беше проследен со овации. После настапот беа остварени контакти со итаљански менаџери присутни на настанот. Нашите музичари добија покани за настап на одредени фестивали во Италија. Овој настан беше направен со средства од овдешна албанска компанија.
- 10 мај 2023, ТРИУМФ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ВО ТИРАНА !!! Настан за паметење, веројатно нешто најдобро досега од македонскиот Киц во Тирана. Пред многубројна публика, слободна проценка повеке од 800 луѓе, мнозина амбасадори и во присуство на двете министерки за култура на Република Северна Македонија и Република Албанија, госпоѓите Бисера Костадиновска Стојчевска и Елва Маргарити, после 30 години за првпат претстава на македонски јазик (титлуван превод на албански) беше прикажана претставата ,,Артуро Уи,, во режија на нашиот Qendrim Rijani. Во извонредна атмосфера во тиранскиот театар ,,Турбина,, претставата заврши со 15 минутни овации. Веднаш потоа, сите гости, публиката и многубројни личности од уметничкиот, јавен и политички живот во Тирана се упативме кон нашиот Киц, каде беше претставена изложба на театарски плакати и театарски костими од Благој Мицевски. Овој настан, даде сериозни одговори, како и на каде треба да оди работата на Кицот во Тирана.
- 18. Мај 2023, концерт на битолската група Фолтин, извонреден настап на Фолтин пред многубројна публика. Фолтин настапија на фестивалот Clouds, кој се одржува на отворен простор во центарот на градот. Публиката побара на два пати ,,бис,, и на овој начин се отвора простор и за нивен следен настап.
- 23.Maj. 2023, Денес во посета на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, беа ученици од гимназијата ,,Јосип Броз Тито,, од Скопје, нивните благородни професорки, Емилија Величкова и Даниела Арсова, заедно со Зорица Атанасовска, професорка во француското училиште во Тирана.
- 24 Мај 2023, големо интервју за порталот ,,Трн,, каде детално ја објаснувам мојата работа во Киц Тирана, досегашните настани и нештата што следат.
- 06 јуни 2023, Изложба на сликарот Атанас Ботев во просториите на Киц Тирана. Успешна изложба посетена од мнозина дипломати и луѓе од јавниот и политички живот, како и мнозина тирански ликовни уметници. На изложбата настапи и DJ Cool, познат лик на тиранската електро сцена. Покрај изложбата, претставив и дел од македонските вина, производ на винаријата ,,Тиквеш,,.
- 09 јуни 2023, настап на Trio Academiko I Macedonian brass quartet на фестивалот ,, Flute magic,, во големата сала на Албанската академија за уметност. Секој од овие два состава имаше по 40 минутен самостоен настап. На крајот сите заедно со Албанската филхармонија имаа заеднчки получасовен настап со дела од класичната музика. Овој настан беше проследен со многубројна публика и нашите музичари оставија голем впечаток.
- 23 јуни, посета на градот и општина Пермет, место во близина на грчко албанската граница. Водев разговор со градоначалникот на општината, при што изразија подготвеност во иднина да овозможат и помогнат, настап на наши уметници во ова место.
- 05 септември 2023 Изложба на сликарот Valmir Aziri, неверојатно многу посетена. На оваа изложба за првпат беа присутни неколкумина членови на албанската академија за наука, мнозина професори од ликовната и музичка академија, како и повекемина глумци на тиранските театри, балерини и неколку познати оперски пеачки. Настанот беше проследен со прилози на 5 албански телевизии и повеке овдешни портали.
- 11 септември 2023, По повод независноста на Република Северна Македонија, изложба на Марјан Стојановски, прилепски сликар и скулптор. Изложба на која беа присутни десетина значајни дипломати на служба во Албанија, тиранчани и мнозина ликовни уметници. Паралелно се одвиваше и промоција на македонското вино ,,Т,га за југ,,(секој посетител доби по еден бесплатен примерок)
- 28 октомври 2023, посета на Киц Тирана од Shkelzen Maliqi од Приштина, истакнат албански филозоф , политички мислител и писател. Во срдечен разговор тој изрази големо задоволство и пофалби за работата на нашиот Културно информативен центар во Тирана
- 08.ноември 2023, посета на Ристо Пенов, министер за локална самоуправа во владата на РСМ и делегација од истото министерство. При разговорот беше изразено големо задоволство од изгледот и работата на нашиот Киц во Тирана.
- 14 и 15 декември, пречек на Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и запознавање со досегашната работа на Киц Тирана. Истовремено, делегацијата од Република Северна Македонија (нашиот Киц овозможи престој и грижа за целата делегација при престојот во Тирана) изврши посета на нашиот центар. Подоцна, сите заедно бевме дел од еден голем и историски настан, преземање на украдените македонски икони. Настан од историски значење за двете земји. Во присуство на министерките за култура, беше извршено примопредавање на иконите во Националниот музеј на Република Албанија.
– 2023 година, македонскиот Киц во Тирана го посетиле, амбасадори и дипломати на служба во Република Албанија од следниве земји :
– Франција, Јапонија, Англија, Германија, Словенија, Холандија, Америка, Кина, Хрватска, Австрија, Косово, Молдавија, Украина, Црна Гора, Турција, Србија, Алжир, Саудиска Арабија, Чешка, плус гости од јавниот и политички живот на Тирана и други градови од Албанија.
– Киц Тирана, изминатава година успеа да обезбеди донации надвор од државниот буџет во следниве нешта
*300 евра од фирмата ,,Примал,, од Албанија за настапот на бендот ,,In the mood,, на тиранскиот jazz фестивал
*Донација на компанијата ,,Примал,, во безалкохолни и алкохолни пијалоци (виски, водки, 50 пива, два кубански рума, вино и сл) во вредност од 400 евра, употребени за сите наши настани и пречек на гости во Киц Тирана.
*80 шишиња македонско вино, Т,га за југ и Александрија од винарската компанија ,,Тиквеш,, употребени за 4 настани на Киц Тирана во вкупна вредност од 800 евра.
*Вкупна вредност на средства надвор од државниот буџет, 1500 евра.
Ова е извештајот за активностите на Киц Тирана во периодот од 1 ви јануари 2024 до 5 јули 2024. Заради мојто отповикување, активностите ке ги претставам за половината од оваа година.
– 04. ти февруари 2024, дадов големо интервју на 4 страници за списанието ,,Капитал,,каде повод беше, мојто прогласување и добивање признание за ,,Човек на годината,, (причината е мојата досегашна работа во Киц Тирана.
– 19 ти Март 2024, Средба со Исмаил Кадаре, најпознатиот албански и еден од врвните светски писатели. Во двочасовен разговор со почитуваниот (денес покоен) Исмаил Кадаре. Имав можност да зборувам со врвен светски писател, каде допревме многу теми, литерарни, музички и политички. Запознав еден исклучителен човек, кој ми зборуваше за неговото познанство со нашиот писател и дипломат, господинот Јордан Плевнеш, зборувавме за Македонија и Албанија, нивните патешествија до Европа, патем ми раскажа за неговото големо пријателство со Милан Кундера (писател) Јас му раскажав за мојата композиторска работа, меѓудругото и дека последната музика која ја пишував пред да стасам во Тирана, беше за Приштинскиот театар, каде по неговото дело, ,,Наследникот. режисерот Унковски направи брилијантна театарска претстава. На крајот, добив подарок, негова книга со потпис. После три месеци, почитуваниот Исмаил Кадаре, почина. Средбата мислам дека има историски важен карактер, затоа направив повеке фотографии и мал видео матерјал кој ке биде вметнат во мојот документарен филм во подготовка.
– 25 април 2024, Изложба на Татјана Манева, заедно со нејзините гости, албанската сликарка Стела Рустемај и српската сликарка, Драгана Пајковиќ Додиг.
Оваа изложба се оствари благодарение на нашето Министерство за култура и приватната компанија од Тирана, фирмата ,,Примал,, која несебично го помогна престојот на Татјана Манева и доаѓањето на една од нејзините гости од Италија на изложбата во нашиот киц. Компанијата ,,Примал,, ги покри и трошоците за кетерингот на нашиот Киц. Компанијата ,,Тиквеш,, донираше вино. Пресметано во средства, сумата надминува повеке од 1500 евра. Во пријатна атмосфера, пред избрани гости и дипломати, нашата сликарка се покажа во исклучително светло при што, успеав да продадам една нејзина слика во износ од 900 евра ( средства што и беа исплатени на Татјана Манева)
– 03 мај 2024 – гостување на Албанскиот театар од Скопје (27 луѓе) со претставата ,,Диво месо,, текст на Горан Стефановски во режија на Мартин Кочоски. (место на случување, познатиот тирански театар ,,АРТурбина,,
Oва е прво преставување на драмски текст на Горан Стефановски во Тирана, кое помина пред преполна сала (700 места) и воодушевена публика која глумците ги испрати со големи аплаузи, вракајки ги неколкупати на сцена.
– 10 мај 2024 – Настап на скопскиот jazz состав PMG jazz/SETHSTAT на Albania jazz fest 2024.
Во извонредна атмосфера на Академијата за убави уметности, составот SETHSTAT настапи пред полната сала Black Box.
Нашите музичари, таа ноќ создадоа вистинска филмска слика преку својата музика. Преку двочасовен настап, оставија силен впечаток, уверувајки ги љубителите на џезот дека нашите музичари носат европски, светски квалитет.
– 12 мај 2024, НАСТАП НА новоформираниот ,,НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР, (21 човек) на фестивалот Albania jazz fest 2024.
– Ова беше еден од неколкуте најдобри настани што нашиот Киц претставил во Тирана. Преполна сала, воодушевена публика, мајсторски изведена музика. Националниот џез орекстар во духовит стил се претстави на светско ниво. Нивниот репертоар беше составен со композиции од Леб и Сол и други џез стандарди. Кога заврши нивниот настап, директорот Петрела најдлабоко се заблагодари кон нашиот Киц и Националниот џез оркестар и меѓудругото рече, Ова е нешто најдобро што се случи на Albania jazz fest оваа година.
– 16 ти мај 2024, Џамбо Агушеви оркестар. (11 музичари) Голем целовечерен концерт одржан во центарот на Тирана, фестивал ,,Clouds,, отворен простор.
Фантастичен настап на Џамбо Агушеви, проследен од 1500 луѓе. После неколку нумери целата публика беше на нозе, играше и беше восхитена од овие наши музичари. После час и половина, беше невозможно концертот да се приведе до својот крај. Публиката неколкупати ги вракаше на бис. На крајот, Едит Пула, директорката на фестивал, јавно се заблагодари на нашиот Киц и побара директорот да се качи на сцена, Публиката со овации искажа благодарност. Следниот ден градоначалникот на Тирана на сите негови лични и општински социјални мрежи, имаше поставено нивни фотографии и со воодушевување зборуваше за нивниот бравурозен настап. Покрај нашето Министерство за култура, настанот го помогна и општина Тирана, таа го плати нивниот хотел и храна, сума од 950 еур.
– 23 мај 2024, Дориан и Добрила дуо, настап на ,,Clouds,, festival, отворен простор, целовечерен самостоен концерт. Ова беше магична вечер, Течеа традиционални македонски песни направени во нов и модерен аранжман. Публика, најмалку 1000 луѓе, како под некоја хипноза, уживаше во музика која воопшто до тогаш ја нема слушнато. Мнозина прашуваа, Зарем ова е македонската традиционална музика? Концертот заврши со многу емоции и два биса.
– Настанот покрај нашето Министерство за култура, беше помогнат од општина Тирана, таа го плати хотелскиот престој од една нок, во висина од 50+50 = 100 еур.
– На овие 6 шест настани беа претставени вкупно 70 наши артисти, пред околу 4.000 илјади публика.
– СКУЛПТУРА, како големо финале, како благодарност за односот на градот Тирана и неговите луѓе кон нашиот Киц, директорот на кицот, поведе иницијатива, нашата земја да подари една скулптура на градот, со што ке оставиме силен белег, чест и знак за пријателство меѓу нашите два народа. После обемни преговори, тиранскиот театар АРТурбина издаде писмена дозвола, скулптурата да биде поставена пред нивната зграда на едно прекрасно и многу прометно место.
Скулптурата е донација од скулпторот Андреј Митевски, кој единствено побара средства за матерјал и транспорт во висина од 1.000 еур. Скулптурата е тешка 500 килограми, меѓутоа успеавме од Скопје да ја донесеме во Тирана (во моментов се наоѓа пред нашиот киц) Наскоро, очекуваме датум за нејзино поставување, кое ке направиме да биде свечен чин со присуство на министри, градоначалник и сл.