Американската потпретседателка Камала Харис обезбеди поддршка од мнозинството делегати на Демократската национална конвенција за да стане претседателски кандидат, соопштија извори.
Претседателот Џо Бајден ја поддржа Харис во неделата кога тој се повлече од трката поради прашањата за неговата возраст и здравје. Тој вети дека ќе остане на функцијата претседател до крајот на неговиот мандат на 20 јануари 2025 година.
Анкетата со делегати објавена од американските медиуми, покажа дека таа има поддршка од 2.538 делегати, што е многу повеќе од потребните 1.976 делегати за да победи на гласањето следната недела. Претседателот на Демократскиот национален комитет Џејми Харисон вчера изјави дека партијата ќе номинира претседателски кандидат до 7 август.
Делегатите се уште можат да се предомислат пред 7 август, но никој друг не доби гласови во анкетата, а 57 делегати рекоа дека се уште не одлучиле за кого ќе дадат глас.