Московскиот суд го осуди рускиот новинар во егзил Михаил Зигар на осум и пол години затвор во отсуство за ширење „лажни вести“ за руската армија, како дел од засилената репресија на Русија врз опозициските медиуми.
Зигар беше обвинет за „јавно ширење на намерно лажни информации за употребата на вооружените сили на Руската Федерација“, се вели во соопштението споделено од судот, пренесува Кијив индипендент.
Обвиненијата се засноваа на објава на Инстаграм од април 2022 година, каде Зигар ги обвини руските сили за воени злосторства во Буча, Украина.
Буча, предградие северозападно од Кијив, беше окупирана од руски трупи набргу по почетокот на целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Откако градот беше ослободен на крајот на март 2022 година, беа откриени масовни гробници со цивили и беа документирани илјадници воени злосторства, со што Буча стана симбол на руските злосторства во Украина.
Канцеларијата на јавниот обвинител во март 2023 година соопшти дека повеќе од 1.400 цивили биле убиени во округот Буча, вклучително и 637 во градот Буча, од кои многумина имале прострелни рани. Бројката на областа вклучуваше 37 деца кои беа убиени од руските сили.
Зајгар беше назначен за „странски агент“ во 2022 година, а неговата казна ќе започне по неговата хипотетичка екстрадиција во Русија. Сепак, Русија нема успешно екстрадирано ниту еден истакнат дисиденти од почетокот на целосната инвазија во 2022 година.
Овие обвиненија против Зигар доаѓаат набргу откако рускиот суд на 19 јули го осуди новинарот на Волстрит журнал (ВСЈ) Еван Гершкович на 16 години затвор за она што нашироко се смета за лажни обвиненија за шпионажа.
Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа, колумнистката на Њујорк Тајмс, Маша А. Гесен, беше осудена во отсуство на 15 јули од московскиот суд на осум години затвор поради коментарите на Гесен за руските воени злосторства извршени во Украина, додека рускиот државјанин Ричард Роуз беше прогласен за виновен за ширење лажни информации за руската војска во Буча, и исто така, беше осуден на осум години затвор. Според ОВД-Инфо, тој на видео изјавил дека „масакрот во Буча никогаш нема да биде заборавен… на руските фашисти никогаш нема да им се прости за ова“.
Од почетокот на војната во февруари 2022 година, Русија жестоко ги сузбива неистомислениците и истовремено ги напаѓа Американците. Според групата за права ОВД-Инфо, која следи политички апсења и обезбедува правна помош, во Русија имало 1.053 кривични случаи против антивоени демонстранти.
Драган Мишев / Цивил Медиа