Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот. Несериозна за граѓаните е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“, реагираат од СДСМ.
„Поклонетиот имот на Јанушев е заврен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме. Навидум ништо спорно, затоа што Тошковски е познат адвокат. Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај. Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје? Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев? Јавноста очекува одговори“, се истакнува во соопштението од СДСМ.
Поврзано: