ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Официјален Берлин за Коридорот 8: Не може Скопје да ги менува транспортните политики на Брисел

July 28, 2024 12:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин, европскиот транспортен Коридор 8 е од стратешко значење за регионот. „За време на моите разговори во Софија разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје”, вели Сарацин откако министерот за транспорт Александар Николоски побара парите за Коридорот 8 да се пренаменат за Коридорот 10

Северна Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов за продолжување на пристапните преговори со Европската Унија. Ова за Бугарското национално радио (БНР) го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, пишува бугарски „Труд”, пренесува 360 степени.

Дополнително, тој коментиира дека европскиот транспортен коридор 8 е од стратешко значење за регионот, но според него, новата влада во Скопје неделава покажала оти изгубила интерес за негово спроведување.

Инаку, Коридорот 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското Драч со Скопје, Софија и Црното Море.

Забелешката е дека наместо овој коридор, во Скопје се дало проритет на Коридорот 10, кој ги поврзува Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Грција.

„Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Лично верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика. Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на Коридорот 8 секако е од стратешко значење“, вели Сарацин на оваа тема.

Прашан за декларацијата на германскиот парламент, Бундестагот, во која за Република Северна Македонија се зборува како за дежава определена за членство во ЕУ како ниедна друга во регионот, Сарацин вели: „За жал, нашите надежи за посветеност на Скопје за промена на Уставот на Република Северна Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ од Преговарачката рамка за Скопје“.

Тој вели дека декларацијата на Бундестагот имала за цел да биде мост преку кој ќе премине политичкото раководство на Република Северна Македонија, истовремено покажувајќи му на народот дека нема причина за загриженост за идентитетот, јазикот и културата и дека Германија е на нивна страна.

„Но, во исто време, тоа беше сигнал за Бугарија дека сме обединети во нашето верување дека бугарското население во Северна Македонија ќе биде вклучено во Уставот“, вели германскиот пратеник за Западен Балкан.

Тој смета дека се работи за убав и стабилен мост, но македонската страна, како што вели, сѐ уште не може да помине по него. Според Сарацин, Бугарија има многу можности преку својата посветеност на европската интеграција на Западен Балкан да заработи уште поголема почит од другите земји членки на ЕУ.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8.

Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

„Бараме и од Европската банка за обнова и развој и од Европската инвестициска банка, со кои потпишале договор претходната влада на СДСМ и ДУИ, тие средства да се пренаменат за изградба на брза пруга по Коридорот 10 и рехабилитација на постојниот коридор 10. Од Табановце до Гевгелија, значи од границата со Србија до границата со Грција за да можат возовите да одат со 100 до 120 километри на час, рехабилитација на постојната пруга, проект што ќе чини 250 милиони евра“, рече Николоски.

 

Tags: Коридор 10Коридор 8НиколоскиСарацин
Next Post

ДУИ за најавата од ВЛЕН за Албанска академиjа на наука и уметност во Македонија: Квази општинска „академија“ која ги срами интелектуалците и нацијата

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk