Лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо синоќа изјави дека има резултати од гласањето на околу 73,2 отсто од избирачките места на претседателските избори во неделата во Венецуела.
Според Мачадо, тоа и овозможува да докаже дека резултатите од гласањето, според неа, им обезбедуваат победа.
Во меѓувреме, еден од шесте опозициски помошници кои живеат во аргентинската амбасада откако беа издадени налози за нивно апсење, на социјалните мрежи објави дека венецуелските безбедносни сили се обидуваат да влезат во зградата.