ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дванаесет активни пожари, Ангелов со апел до граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири

July 31, 2024 11:36
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 66 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 51 целосно се изгаснати, три пожари се ставени под контрола, а во моментот активни се 12 пожари.

Директорот на Дирекцијата за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека на ниво на државава, состојбата е тешка, но не е алармантна. Укажа дека депониите воопшто не треба да се потценуваат, затоа што, како што рече, токму вчера во Дојран најпрвин се запалила депонија, а потоа од депонијата можело да се случи трагедија бидејќи биле зафатени неколку блиски куќи. Информира дека пожарот во Дојран е се уште активен, но не го загрозува градот.

Апелира до граѓаните да не излегуваат со непотребни апели за собирање на луѓе за да одат да помагаат во гаснењето на пожарите.

-Како држава имаме доволно припадници на Армијата и полицијата и ако тоа некаде го побараат локалните авторитети кој командуваат со гаснењето на пожарите – градоначалниците, ние можеме да испратиме онолку војска или полиција колку што тие ќе побараат. Граѓаните не секаде можат да бидат од корист, напротив некаде можат да сметаат во работењето на професионалните служби, на пожарникарите, војската, полицијата, на „Национални шуми“, на пожарникарите доброволци или на самите летала. Граѓаните можат да бидат корисни во одбрана на населените места кога огнот загрозува некое село или како во синоќешниот случај кога постоеше мала можност огнот да дојде до градот Пехчево. Во гаснењето на пожарите, граѓаните не треба да учествуваат, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири на територијалните противпожарни единици, рече Ангелов и апелира да не се создава непотребна паника.

Тој информира дека денеска седница одржувала Управувачкиот комитет, на која донеле одлука за да им предложат на Владата за ангажирање на НАТО механизмот за помош.

-Денеска имавме седница на Управувачкиот комитет, на која донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош кој во суштина ги нуди истите работи како и механизмот на Европската унија, но преку него можеме да бараме помош во пешадија односно помош во искусни пожарникари. Во овој момент таква потреба немаме, но истата може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на пожарникари, рече тој.

Според Ангелов, во моментов како најсериозни се пожарите на територијата на Пехчево, Старо Нагоричане, на Општина Кратово, на Македонски брод, на Свети Николе.

ЦУК соопшти дека е обезбедена меѓународна помош со ЕУ механизмот на цивилна заштита: од Србија еден хеликоптер (Agusta Bell 212) утрово во 9:45 слетал на скопскиот аеродром; од Чешка еден хеликоптер (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона се очекува чекува да пристигне вечерва. Од Германија се обезбедени два „ер трактори“ (AT802/2), за кои ЦУК дополнително ќе известат кога би можеле да пристигнат.

Next Post

Маж од Радовишко лишен од слобода заради подметнување пожари

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Мециновиќ најави натпартиски градоначалнички мандат и кривични за објавување на неговиот ЕМБ и други шпекулации

October 31, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Предложен притвор за 37-годишик за недозволено држење муниција

October 31, 2025

Поради дојава за бомби, во Србија во прекин железничкиот сообраќај

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk