Портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач во објава на социјалната мрежа Х, каде најави дека Унгарија ќе обезбеди три теренски противпожарни возила за Северна Македонија, ја употреби придавката „северномакедонски“.
🇲🇰🤝🇭🇺 Hungary will provide three off-road fire trucks to North Macedonia to help combat wildfires, announced FM Péter Szijjártó after a phone call with his North Macedonian counterpart.
🔥 “With summer heatwaves, we are sadly accustomed to hearing about massive wildfires, even… pic.twitter.com/l4xLbC6lwY
— Zoltan Kovacs (@zoltanspox) July 31, 2024
„Унгарија ќе обезбеди три теренски противпожарни возила за Северна Македонија за да помогне во борбата против шумските пожари, најави шефот на дипломатијата Петер Сијарто по телефонскиот разговор со неговиот северномакедонски колега…“, се наведува во објавата на унгарскиот портпарол.