ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зошто потенцирам два успеха на наши млади спортисти?

July 31, 2024 11:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Ацо Лукароски. Фото: лична архива

Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ

Сакам да потенцирам два успеха на наши млади спортисти, а потоа ќе ви кажам зошто го правам тоа.

Успех бр. 1:

Пред 10 дена во Словенија заврши ЕП за ракометари до 20 години. Нашата репрезентација првенството го заврши со само еден пораз. Оствари пет победи против силни европски селекции (Франција, Полска, Унгарија, Романија и Црна Гора), а два натпревара завршија со нерешен резултат (Австрија и Хрватска).

Успех бр. 2:

Во моментов се одржува ЕП (Дивизија ‘Б’) за кошаркари до 18 години. Нашите надежи досега одиграа 4 натпревара и остварија исто толку победи (Чешка, Босна и Херцеговина, Ирска и Кипар), со вкупна кош-разлика од +71 поен. На едно коло до крајот, Македонија веќе обезбеди прво место во групата и пласман во четвртфиналето.

Е сега за мотивот да ги напишам овие две информации.

Се плашам дека актуелната власт ПОВТОРНО ќе ги земе под своја контрола спортските федерации и со дилетантско водење на истите ќе го уништи сонот на голем број талентирани млади момчиња. Не само во ракометот и кошарката. Тоа еднаш го направија во 2006 година. Ќе има ли реприза?

Иако е веќе ‘излитена’ фраза, сепак ќе повторам дека политиката треба да биде надвор од спортот. Не само декларативно. На минатата олимпијада Дејан Георгиевски освои сребрен медал во теквондо. На прославата приредена во негова чест, неговите тренери дојдоа завиткани со знамиња со 16-кракиот симбол од Кутлеш.

Неколку дена подоцна Дејан Георгиевски ја одби поканата на претседателот Стево Пендаровски да биде специјален гостин на сенародната прослава на Илинденското востание, со образложение дека не сака да зазема политичка страна.

Не сакал политичка страна на сенароден собир???

Ама затоа два дена подоцна му беше гостин на Христијан Мицкоски и нивните фотографии ги преплавија медиумите и социјалните мрежи.

Тогаш Дејан најавуваше дека на Олимпијада во Париз во 2024 година ќе освои златен медал, а не обезбеди ниту учество на овие Олимписки игри. За жал, Дејан Георгиевски не му остана верен на спортот. Одлучи да се бави со политика.

Има уште многу други такви лоши примери. Дејан Георгиевски не е единствената жртва.


Текстот е личен став. Преземено од Фејсбук профилот н Авторот
Next Post

Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk