ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Чествување на 121 годишнината од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ

August 2, 2024 20:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа; Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Фотомонтажа; Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Под слоганот „Борбата трае“ денеска во Северна Македонија се одбележаа 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

Одбележувањето се одвиваше според вообичаеното сценарио, со низа свечености и манифестациим положување на цвеќе пред спомениците на Илинденците и АСНОМ-ците, и пригодни говори главно со повици на единство.

Централната манифестација за одбележување на Илинден – Денот на Републиката се одржа во Крушево на Гумење и на месноста Мечкин Камен, каде се обрати премиерот Христијан Мицкоски.

Во 25-минутниот говор на прославата на Илинден, премиерот Христијан Мицкоски денеска од Мечкин Камен нагласи дека Македонија денес го одбележува Денот на Републиката, празник со кој се прославуваат двата големи историски и државотворни настани, Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ и повика на единство на граѓаните и на политичките актери за да се обезбеди напредок на земјата, но во исто време не пропушти жестоко да ја нападна опозицијата, повторувајќи ги познатите слогани за предавници,  криминално богатење врз грбот на граѓаните, пустошење на државата.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова оствари средба со својот домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ со јого заедно го посетија манастирот Прихор Пчински, а потоа од Пелибце упати честитка по повод 2 Август, Илинден, истакнувајќи дека на овој празник се потсетуваме на борбата за слободна македонска република што ја започнаа Илинденците а ја продолжија учесниците во народноослободителната и антифашистичка војна.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, положи цвеќе пред споменикот на претседателот на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје, и имаше обраќање од пред Собранието на Република Северна Македонија во кое изрази убедување дека, и покрај низа предизвици ќе изнајдеме решение, сила и воља и на тој пат за да ги надминеме и час поскоро да бидеме членка на Европската унија.

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче положи свежо цвеќе пред Методија Андонов Ченто, Споменикот на АСНОМ и Никола Карев, при што порача дека Двата Илиндена не обединуваат околу заедничката борба за просперитетна Македонија, и истакна дека слободарскиот дух на илинденците и асномците ги сплоти сите кои сакаат слобода правда и социјална еднакост.

Цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ во манастирот ,,Св. Прохор Пчински“ положи и делегација на Левица, предводена од претседателот на Партијата Димитар Апасиев

Цвеќе пред спомен обележјата во Крушево, Пелинце и Скопје положија и повеќе делегации, меѓу кои собраниската, делегации од Кабинетот на претседателот, политичките партии, верските заедници, локалната самоуправа, претставници на странскиот дипломатски кор.

М. Д. / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Алкараз ќе игра за титулата во сингл на Олимпијадата

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk