ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски: ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста

August 4, 2024 11:18
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Со ова неодговорно однесување, ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава. И, ние ќе ги преземеме сите неопходни мерки како Влада, за да го заштитиме суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија како држава. Но, во суштина, овие пораки се обид грчевито да се брани богатството стекнато изминативе 20 години на власт. И тоа е факт, затоа што демократијата подразбира тој што има мнозинство во парламент да има и влада, вака премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ ги коментираше иницијативите на ДУИ за принципот „победник со победник“ да влезе во правниот систем и за територијална реорганизација според белгиски модел.

Мицкоски, како што соопшти владината прес-служба, додаде дека суштината на ваквите потези е да се одбрани капиталот стекнат во изминативе 20 години на власт, но не се исклучува и можноста некои групи да бидат несвесно изманипулирани и да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет.

-Па видете, суштината е да се одбрани капиталот стекнат во овие 22 години на политичка сцена и 20 години власт. Но, не ја исклучувам можноста одредени групи и структури да бидат изманипулирани, несвесно. И сега тие групи и структури може да го предизвикаат територијалниот интегритет и суверенитет, да создадат криза. Ние имаме задача како Влада тоа да го браниме и да се одбраниме, подвлече Мицкоски.

На прашање за тоа дали се очекуваат протести за овие прашања Мицкоски одговори дека има такви информации, но ако истите се мирни и демократски, тие се легитимни.

-Се уште ги имам тие информации. Јас говорам за протести. Се додека се демократски и мирни, тие се легитимни. Ако преминат во насилни, тогаш, повторно ќе кажам, како Влада имаме право да го браниме територијалниот интегритет и суверенитет на државата, потенцираше Мицкоски.

Запрашан за тоа што мисли за принципот „победник со победник“, Мицкоски истакна дека демократијата не оди заедно со овој принцип бидејќи коалициските партнери од минатата власт беа делегитимирани на избори и во име на парламентарната демократија поразените треба да одат во опозиција.

-Начинот на кој функционира демократијата не оди заедно со „победник со победник“, зашто во политиката не може малку со едните, малку со другите. Ние имаме дијаметрално различни платформи. Не може 7 години да бидете во влада со СДСМ и да речете – тоа веќе не важи и сега ќе одам со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа така не може! Вие сте го избрале вашиот коалициски партнер и врз основа на програма сте функционирале, без разлика каква била таа. Таа била владина програма, таа влада е поразена, делегитимирана и тука завршува целокупниот процес. ДУИ со коалицијата и СДСМ заедно освоија помалку од 300 илјади гласови. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освоија близу 450 илјади гласови, а заедно со ВЛЕН и ЗНАМ повеќе од 600 илјади, рече Мицкоски.

Додаде дека е јасна волјата на народот и оти во таква нова политичка реалност, во име на парламентарната демократија “поразените треба да одат во опозиција, а победникот ја создава структурата на идната влада“.

Tags: ДУИМицкоски
Next Post

ЦУК: Од 42 пожари пет се активни, четири ставени под контрола

НАЈНОВО

Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

August 24, 2025

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ изгуби преку 120.000 гласа, затоа спрема неправилности на изборите

August 24, 2025

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски: Докажуваме дека сме мала земја која умее да постигне големи резултати, нашата земја е рангирана меѓу првите во Европа и шестта во светот по обем на гринфилд инвестиции во однос на БДП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk