ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче го повикува Мицкоски доколку има информации за можна дестабилизација итно да ги сподели со надлежните институции, ДУИ велат се партија гарант за мирот

August 5, 2024 20:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Венко Филипче го повика премиерот Христијан Мицкоски доколку поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите итно да ги сподели со надлежните институции.

-Во спротивно, тој станува соучесник или политички фактор кој можеби од таквата состојба има интерес. Информациите за дестабилизација кои два дена по ред ги пласира премиерот предизвикуваат немир кај граѓаните, а негова лична одговорност е да превенира таква состојба. Доколку тој сам не ги сподели информациите, ги повикувам истражните органи да поведат постапка и ги истражат овие наводи. Како претседател на СДСМ која е одговорна партија, секогаш се спротиставувам на било какви форми на дестабилизација. Исто така, не смее да се дозволи ниту манипулации со чуствата на граѓаните и предизвикување состојба на тензија, без конкретна акција од страна на државата, напиша Филипче на Фејсбук.

Преку соопштение реагираа и од Демократската унија за интеграција (ДУИ), кои велат дека како државотворна партија се гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата.

-Без да ги коментираме политичките спинови и блефови, сакаме да појасниме дека имаме мандат и одговорност од албанските гласачи за заштита на легитимитетот, политичката волја и достоинството на гласот и Албанскиот народ  во Северна Македонија. Ќе ги преземеме сите демократски мерки и средства за да го спречиме понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали. Што се однесува до неоснованите обвинувања за прекршување на законот, уште еднаш ги повикуваме политичките партии на проверка на сите носители на јавни функции со меѓународна помош. Само така ќе престане блефирањето, ловот на вештерки и злоупотребата на борбата против корупцијата за политички цели. Веднаш поканете ја меѓународната заедница да испрати експерти за целосна проверка на секој од нас и на вас, вклучително и истрага за процесот на приватизација!

Имаме информации со кои располагаме, добиени од повеќе канали, дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) во обид да го заштити капиталот којшто го создаваше изминативе 20-22 години, ќе презема чекори во насока на дестабилизирање на државата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски на заедничката прес-конференција со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Во одговор на новинарско прашање во врска со ставовите на Мицкоски произнесени викендов, дека ДУИ ја загрозува интеретничката слика во државата и претставува закана по мирот и стабилноста на Македонија како држава, премиерот нагласи дека очекува тоа да се случи оваа есен, но сепак, вели, времето ќе даде одговор дали информациите со кои располага се точни или не.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДУИМицкоскиФилипче
Next Post

Иран се закани и ги отфрла повиците за компромис, вети дека ќе го казни Израел

НАЈНОВО

Мицкоски: Сотир Лукровски ќе победи во Карпош, тајните договори на Венко и Стевче не поминуваат

October 8, 2025

Кина гради џиновски ветерни турбини отпорни на тајфуни

October 8, 2025

Пораст на златото за 54% од почетокот на годината

October 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 8 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсена сопругата на лекарот во кого беше пукано во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци, пратеник и носител на независна листа за Локалните избори 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Религија.мк: Владиката Петар во Москва служи литургија со Рускиот патријах Кирил – ќе се помоли за руската воена победа во Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ – Уште колку луѓе треба да настрадаат за Тошковски да почувствува одговорност; Министерот вели ова се очајните, неосновани и политички мотивирани напади

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk