Косовскиот премиер Албин Курти со делегација министри денеска е во посета во владата на Северна Македонија, кај премиерот Христијан Мицкоски. Тие имаа тет-а- тет средба, а потоа одржаа заедничка прес конференција.
На заедничката прес конференција помеѓу премиерите на Република Северна Македонија и Република Косово, Христијан Мицкоски и Албин Курти, на новинарско прашање, дали Мицкоски се извинил за инцидентот на скопскиот аеродром на втори јули, со косовската претседателка Вјоса Османи, Курти одговори дека додека траела тет-а тет средбата со Мицкоски, имало извинување од негова страна.
За време на прес конференцијата за медиуми, Мицкоски изрази жалење за тоа што се случило, нагласувајќи дека, доколку дознал на време, ќе одел на аеродромот лично, и би ја дружел претседателката, како и дека ќе се погрижи никогаш повеќе да не се случат слични инциденти, бидејќи двете земји имаат одлични соседски односи во сите сфери, и дека и во иднина ќе продолжи да се гради добриот однос.
Мицкоски вето дека по официјалните резултати од истрагата, која што според него ќе се води во два дела, првиот – за тоа што се случувало со однесувањето на обезбедувањето со Османи, а вториот дел – откако на аеродромот пристигнал член од обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој и да извршил пречекорување на службената должност, ќе одговара пред законот.
На втори август ( петок) додека претседателката на Косово Вјоса Садриу Османи поминувала на гранична контрола на пунктот за безбедносна проверка во ВИП – салонот, според МВР, вработен во ТАВ побарал нејзиниот телефон и рачен багаж да помине низ скенер, но член од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ. Сепак, рачниот багаж и телефонот биле вратени и поминале низ скенерот.
Од МВР велат дека половина час потоа, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на косовската претседателка.
Д. Тахири / Цивил Медиа