ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Началници и полициски службеници не санкционирале возач кој возел со 272 км. на час, поведена постапка

August 7, 2024 15:26
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил само предупреден, соопштуваат од МВР.

„По извршените проверки, преглед во службениот материјал и увид во видео снимките од радар за ден 06.05.2024, констатирано е дека двајца полициски службеници, постапувајќи по наредба за мерење на брзината на движење на возила со радар на автопатот Скопје-Велес, констатирале сообраќаен прекршок, односно измериле брзина на движење на моторно возило „порше“ од 272 километри на час, на место каде движењето било ограничено на 120 километри на час со сообраќаен знак. Наместо да изготват записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог, имајќи предвид дека за ваков вид на прекршок согласно член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата е предвидена глоба во износ од 400 евра во денарска противвредност и забрана за управување со моторно возило од шест до 12 месеци, на сторителот му изготвиле само предупредување за сторен сообраќаен прекршок. Началникот на Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата побарал од началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи да не биде напишана казна за сторениот прекршок, поради што началникот на Оддел за униформирана полиција – Сектор за сообраќајни работи извршил влијание врз полициските службеници да не констатираат прекршок по член 36 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, туку само да изречат предупредување“, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму истакнуваат дека против четворицата полициски службеници поднесен е и предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина.

Next Post

Откриените фосили на „хобитите“ сугерираат дека мали луѓе талкале по индонезиските острови пред 700.000 години

НАЈНОВО

Сапорт Кочани: Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани

August 18, 2025

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk