Од Здружението Инијцатива за правата на жените од Шуто Оризари во интервју за ЦИВИЛ Медиа велат дека десет години спроведуваат истаржување за пристапот до услугите за репродуктвино здравје кај жените Ромки. Со самото истражување се води и податок за малолетнички бракови. Од Здружението велат дека досега немале пријави за присилни бракови, додека пак преку нивните теренски активности имаат сознанија за склучување на присилни малолетнички бракови.
„За жал откако ќе разговараме со лицата и ги информираме да пријават во надлежните институции тие не пријавуваат. Имавме случаеви на малолетнички кои питачат и ни изјавија дека со во присилен брак, но не сакат да пријават“, велат од таму.
Од таму додаат дека имаат одлична соработката со институциите и се во постојан контакт со социјалните работнички од Гинеколошко-акушерската клиника (ГАК).
„Кога имаат малолетничка особено без лична документација (фантом лице) која е бремена тогаш веднаш нè контактираат за да може теренски да ги информираме родителите за потребната документација која треба да и се обезбеди на малолетничката. Кај малолетничките бремености се забележува дека се изостанува образовниот процес. Иако средното образование е задолжително голем број на ученици се „осипуваат“ односно го прекинуваат образованието без да пријават и најчеста причина е малолетнички брак/бременост.
Последниот случај кој го имавме за малолетничка бременост беше со недозволен абортус од страна на специјалисти. Со оглед на тоа што девојчето имаше здрава и нормлана бременост, а и помина временскиот период од плус два дена во кој се врши абортусот, докоторите не и дозволија да абортира. Девојчето беше приморана да го роди бебето, па така го изостави и средното образование“, велат од Здружение Инијцатива за правата на жените од Шуто Оризари.
Малолетничкиот брак се сведува поради традиционални вредности односно сочувување на невиноста. Сексуланото образование е од голема важност да го има во образовниот процес. Државата да обезбеди политики насочени кон млади како што се поголеми едуакции во јавното говорење, воведување на сексулано образование, бесплатна контрацепција и постапување на институциите во образовниот процес.
Од Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари додаваат дека бројката на малолтничките бремености е 4,9% од вкуната бројка на породени трудници односно од 15 до 19 години покажува истражувањето на Асоцијација на гинекилози, а согласно нивните информации оваа бројка е далеку повисока особено во руралните средини т.н. гето.
Дехран Муратов / Цивил Медиа