На социјалните мрежи се споделуваат видеа од прославата на српските кошаркари на бронзениот медал во Париз.
„Српските кошаркари ја пеат познатата македонска песна „Македонско девојче“ во Париз, на забава по освојувањето на бронзениот медал“, пишува во најавите во прилог на видеото.
— o’lakovas (@turuptup) August 11, 2024
Како што се наведува, српскиот селектор на кошаркарите Светислав Пешиќ прв го зел микрофонот и ја запеал македонската песна, по што му се придружиле Никола Јокиќ и другарите од репрезентацијата.
Србија го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во кошарка совладувајќи ја Германија во натпреварот за третото место со 93-83.
Во полуфиналето, во драматичен меч, Србите беа поразени од НБА ѕвездите на САД.
Ј. Ѓ.
Поврзано: