ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

СДСМ: Предложениот ребаланс на буџетот е катастрофално лош, на штета на работниците и економијата

August 12, 2024 12:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Предложениот ребаланс на Буџетот е катастрофално лош. Со ребаланстот нема пари за раст на платите во ниту еден сектор.  Нема пари за покачување на минималната плата, за работниците, нема пари ниту за пожарникарите, војниците, полицајците, образованието. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја суспендираат политиката на постојано покачување на платите која функционираше со години наназад, соопштуваат од СДСМ во врска со предложениот ребаланс на Буџетот.

Оттаму велат, „наместо политики за подобрување на животниот стандард на работниците ВМРО-ДПМНЕ ги понижува работниците  и ја враќа политиката во која Македонија е рај за евтина работна сила“.

„Со вака скроен ребаланс власта на ВМРО-ДПМНЕ го отвора патот кон должничко ропство на граѓаните, со јавен долг од 68%. Наместо фискална консолидација имаме фискална деструкција и зголемување на дефицитот за 35%. Со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ не предвидува пари за исплата на финансиска помош по основ на инвестиции за домашните компании. Помалку пари се предвидени за капитални проекти а намалени се и парите за капитални инвестиции. Се менуваат ставовите, се намалуваат пари и во неизвесност се ставаат стратешките инфраструктурни проекти со финансиска поддршка од ЕУ. Намалени се средствата за ИПАРД програмите за земјоделците. Се укинува авансната исплата на субвенциите за земјоделците и се крати Интервентниот фонд.  Власта не предвудува пари за покачување на социјалната заштита ниту пак за покачување на детската заштита.  Одземени се финансиските средства кои беа планирани за реформата на системот за заштита и спасување. Намалени се парите за националните сојузи на инвалидските здруженија и за  граѓанските организации кои се борат против семејното насилство. Ребалансот не е скроен според потребите на македонската економија туку на владејачката коалиција“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Tags: БуџетВМРО-ДПМНЕСДСМ
Next Post
Фото: Државно правобранителство на РСМ

Агрон Речи поднесе неотповиклива оставка од функцијата државен правобранител

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk