ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Грчката полиција разби криминална организација што од Западна Европа преку Грција пренесувала дрога во Израел

August 14, 2024 15:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Грчка полиција

Фото: Грчка полиција

Share on FacebookShare on Twitter

Грчката полиција, во соработка со израелските власти разби меѓународна криминална организација, која од земји од Западна Европа, во Грција внесувала дрога, по што по морски пат ја пренесувала во Израел, а уапсени се осуммина странски државјани и запленети над 130 килограми дрога, додека незаконската финансиска корист се проценува на над 2,5 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека во понеделникот на подрачјето на градот Волос била спроведена организирана полициска акција што траела до утринските часови во вчера, на која и претходела темелна истрага, од која произлегло дека членовите формирале криминална организација, со континуирана и структурирана активност и различни улоги.

– Поконкретно, членовите на организацијата набавувале наркотични средства од земји од западна Европа, ги криеле во кампинг возила, со цел да ги транспортираат и внесат на грчка територија. Наркотиците потоа биле префрлени во чамец, поконкретно во канти, а крајната дестинација бил Израел, соопштија од грчката полиција.ж

Од уапсените осум лица, секој имал посебна улога, еден 44-годишен бил водач на групата и одговорен за координација и планирање на нелегалните дејствија, како и за регрутирање членови, пронаоѓање дрога и транспортирање и доставување до Израел, тројца од уапсените биле задолжени за прием на дрогата во Грција и да го координираат транспортот до Израел за што изнајмиле чамец, додека пак останатите четворица биле надлежни за преземање на дрогата во странство и со кампинг возила внесување во Грција преку Бугарија.

Фото: Грчка полиција

Во криминалната организација имало и други, засега непознати членови, кои биле дел од екипажот на едрилицата, задолжени да ја преземат дрогата во Грција и да ја транспортираат по морски пат до Израел.

– Незаконската финансиска придобивка на криминалната организација, имајќи ја предвид нејзината професионална инфраструктура, континуирано дејствување и географската распространетост, се проценува дека надминува 2.500.000 евра, соопштија од грчката полиција.

Додадоа дека уапсените биле спроведени во надлежното обвинителство, а истрагата за идентификација и апсење на останатите членови продолжува.

Tags: Грчка полицијадрогаизраел
Next Post

Лидл ја користи иницијативата Отворен Балкан за ангажирање работници

НАЈНОВО

Гувернерот на Оклахома помилува осуденик на смрт неколку часа пред егзекуцијата

November 15, 2025
Хороскоп со Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 15 и 16 ноември

November 15, 2025
AI Generated Image

Маск со нова шокантна идеја: Наместо затвор – осуденици придружени од роботи

November 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да знаете ако случајно проголтате семка од јаболко – дали може да биде опасно?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ си игра “six- seven” мајтап со членството на Македонија во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk