Еден од најголемите компании со ланец маркети, Лидл, своите вработени во изградба на дистрибутивниот центар и ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна да важи од 5 март 2024 година, пишува „Рацин.мк“.
Со потпишаните договори во рамки на Отворен Балкан, на граѓаните им се овозможува држави да работат во која било од трите држави – Македонија, Албанија и Србија, без да вадат работни дозволи, без бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци.
Бојан Лалиќ, адвокат од Скопје, кој во име компанијата Енергогруп ја спроведе администрацијата за ангажирање на работници од Србија за времена работа во Македонија, за Рацин.мк рече дека мерката за слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан во огромна мерка ја олеснила постапката и го намалила времето и бирократијата која досега била потребна.
Тој вели дека оваа мерка од Отворен Балкан ја заобиколува претходно утврдената административна постапка и ја крати процедурата. Искуството на Лалиќ вели дека со претходно утврдените идентификацискки броеви на граѓаните во Албанија, Србија и Македонија за слободен пристап до пазарите на труд на порталите за е-услуги во нивните држави, државјаните на овие земји потоа можат аплицираат за сертификат за слободен пристап до пазарот на труд којшто ја заменува личната карта за странец.