ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

УНЕСКО: Талибанците во Авганистан намерно ги задржуваат 1,4 милиони девојчиња надвор од училиште

August 15, 2024 11:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: МИА

Фото: МИА

Во Авганистан 1,4 милиони девојчиња се намерно лишени од училиште од страна на Талибанците, соопшти УНЕСКО, пренесоа светските агенции.

-Авганистан денес е единствената земја во светот која забранува пристап до образование за девојчињата постари од 12 години и за жените. Правото на образование не може да се преговара. Меѓународната заедница мора да остане целосно мобилизирана за да постигне безусловно отворање на училишта и универзитети за девојките и жените од Авганистан, рече генералната директорка на УНЕСКО, Одри Азулај.

Ако се додаде бројот на девојчињата кои беа повлечени од училиште пред да се вратат талибанците пред три години, денес 2,5 милиони авганистански девојчиња се лишени од средно образование, 80 отсто од девојчињата на училишна возраст.

Талибанците исто така им забранија на жените да подучуваат момчиња, иако земјата страда од недостиг на квалификувани наставници.

УНЕСКО е загрижен и за можното зголемување на случаите кога децата мораат да работат и на детски свадби. Дополнително на ова, недостигот на изградени компетенции кај децата може да му наштети на развојот на земјата на долг рок.

За да се надминат забраните и да се понудат алтернативи за авганистанските семејства, постојат различни иницијативи. На пример, париската невладина организација „Бегум“ лансираше радио во 2021 година и кабловска телевизија оваа година. Секој ден тим од 10 авганистански новинари нуди шест часа едукативна содржина на двата јазика што се зборуваат во Авганистан – дари и пашту. УНЕСКО ја поддржува оваа иницијатива, но вели дека ништо не може да го замени учењето лице в лице.

Организацијата веќе обучи повеќе од 1.000 посредници, вклучително и 780 жени, за да едуцираат повеќе од 55.000 млади во 1.900 села во Авганистан.

Tags: Авганистанталибанци
Next Post

Политико: Постои можност Радмила Шекеринска да стане заменичка на идниот шеф на НАТО, Марк Руте

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk