Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Неверојатно, пак средба “официјална” со фотографии и со кабинетско соопштение за остварена средба на ресорен министер со негова и владина ресорна заменичка, но веќе и неважно кој министер со кој свој заменик министер се сретнал на средба кабинетска зашто по првото паѓање од смеење за инфантилност кога тоа неодамна први го направија, кога се сретнаа новиот министер за земјоделство и неговиот заменик исто така и со соопштение и со фотки кабинетски со знаменца и фотелји, тоа упатува на трендовска практика на овој владин кабинет министрите и замениците кои од иста чинија чорба с’ркаат, да си се среќаваат работно, да си се сликосаат кабинетски и соопштение со бла, бла содржини да лиферуваат по медиуми овие полтронски да им ги објавуваат за и едните и другите да нè пафтосуваат па, кажано во една реченица, гласачи народни да си ја лоцираме позицијата, а изборот, по скопски, е глуп, поглуп, најглуп и сега видете дали или тие се глупите или сме ние глупавите – типувам на второто, првото е дека се тие префриганите.