Ливерпул попладнево извојува победа на гостински терен над нововлезениот премиерлигаш Ипсвич Таун со резултат 2:0 во 1. коло од англискиот шампионат.
Головите на овој натпревар ги постигнаа Диого Жота и Мохамед Салах, двата во второто полувреме.
„Црвените“ го добија првиот официјален натпревар под водство на Арне Слот, кој го замени Јирген Клоп како главен тренер.
Следниот натпревар Ливерпул ќе го одигра дома со Брентфорд на 25 август, додека Ипсвич Таун ден претходно ќе игра на гости кај Манчестер сити.