ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Дождот ги изгасна пожарите на Галичица и околу кичевско Цер, Ангелов бара итна трансформација на целиот систем за управување со кризи

August 18, 2024 20:51
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дождот го изгасна и пожарот околу кичевското село Цер, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Претходно денеска, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека благодарение на дождот, пожарот на Галичица е целосно изгаснат и оти постои вознемиреност кај населението во селото Цер и останатите села во околината, бидејќи пожарот што се движи во таа насока, бил голем. При тоа укажа на напорите за негово гаснење.

– Таму денеска дејствуваме со 30 професионални војници, седуммина припадници на локалната Противпожарна единица, осум лица вработени во „Национални шуми“ и најмалку триесетина доброволци, појасни Ангелов во видео изјавата.

Ангелов, попладнево преку видео изјава, соопшти дека е изгаснат пожарот на Галичица. Нови пожари избиле на планината Плачковица и во Општина Илинден, додека реактивиран бил пожарот на пробиштипска територија, кај селото Неокази.

Во текот на август, заклучно со вчерашниот ден, на територија на државава имало вкупно 667 пожари на отворен простор. Меѓу нив дури 98 шумски пожари што повеќето се прошириле и, како што истакна Ангелов, биле тешки за гаснење.

Потребна е итна трансформација на целиот систем за управување со кризи вклучително и на системот за гаснење на пожари како составен дел на целиот систем за управување со кризи, вели Ангелов.

-Јас во многу мои интервјуа последните три години, кажувам дека е потребно да се формира нова институција која што ќе ги обедини функциите на двете постоечки – Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Ние на некои места благо се преклопуваме во нашите надлежности, а одредени простори се празни. Тие треба да ги пополни Дирекцијата за заштита и спасување но, во реалноста тоа не постои. Ние имаме се, само немаме луѓе кои ќе излезат на терен да завршат работа зборувам во делот на кризниот менаџмент. Мојот став е дека составен дел на новата институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки е формирање на специјална единица за заштита и спасување, вели Ангелов во интервју за Радио слободна Европа.

Прашан за НИКС системот – дигитална мапа за статус на пожарите, Ангелов вели дека проектот бил поддржан од НАТО, како надворешен проект, но оти има една голема фалинка, а тоа е дека не е алатка која што во овој момент може да биде употребена.

-Се работи за систем кој не може да профункционира, немаме капацитет. И јас сакам да се натпреварувам на Олимпијада, но, не можам. Значи, не ги исполнуваме условите. Ние во Центарот за управување со кризи работиме на чкрги. И овде јас работам со десетина луѓе, сите операции, покривам по една област со по еден човек, не дај Боже, некој да се разболи, имам незаменливи луѓе, а добар дел од луѓето се апсолютно неупотребливи, односно по некој пат ставаме во функција некој вработен – ќе ни направи дополнителна штета и потоа треба двајца да ја поправат таа штета. Оваа институција била користена за вработување на партиски кадри, дел од нив кои што не можеле да ги сместат на друго место, вбели директорот на ЦУК.

Според него, во ЦУК има добри кадри кои што се преминати од Армијата, но, за жал, вели, тие полека заминуваат во пензија, воедно потенцирајќи дека над 50 отсто од раководните кадри во Центарот се со несоодветно образование.

-Има една група од воена Академија која што за нивна несреќа завршила директно во ЦУК, ги најдов малтене во подрум, затоа што беа на најниските почетни позиции. Ги унапредив сите, сите до еден ги ставив во функција. И уште неколку квалитетни луѓе. Ако овде направиме анализа на раководителите, повеќе од 51 отсто имат завршено македонски јазик или Педагошка академија. Но, се плашам дека 70 отсто од раководителите имат македонски јазик и педагошка академија. Кога некој се одлучил да студира македонски јазик или албански јазик или педагошка академија, тој имал голема желба да биде јазичар. И во меѓувреме сфатил дека тој сака да работи кризен менаџмент и наеднаш станува експерт за кризен менеџмент. Па тогаш, зашто постои Воена академија, вели директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Владата на средината од месецов донесе одлука за реформа на системот за управување со кризи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи што ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина.

Ј. Ѓ.

Tags: АнгеловпожариЦУК
Next Post

Лога: Сашко Лафчиски не ги исполнува законските услови за шеф на Генералштабот на АРМ

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk