ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Како Римјаните учеле од своите грешки?

August 19, 2024 13:33
in TECH FRONT, ДЕНЕС, МАГАЗИН
Фото: Археолошкиот музеј во Лондон

Фото: Археолошкиот музеј во Лондон

Share on FacebookShare on Twitter

Стариот Рим имал извонредни инженери, како што е познато, па и пред 2.000 години Римјаните имале, на пр., подно греење и водовод… Но, во новиот напис на „Гардијан“ (The Guardian) се поголемите грешки во тие древни градби.

Имено, два бунари изградени во првиот век од нашата ера, пронајдени во поле во областа Кембриџшир во Источна Англија, од археолози од Археолошкиот музеј во Лондон, ги откриваат обидите и грешките при сложената и изградба… Бунарите биле дел од римска работничка населба со метало-преработувачки погон, што постоела меѓу 43. и 150. година од н.е. Патем, една од ископаните дупки не била обложен со дрвени штици, а другата – била. Сепак и двата бунара се добро сочувани како археолошки наоѓалишта и по речиси две илјадалетија затрупаност.

Според наодите, првиот бунар – оној што имал само скала внатре, самиот се урнал поради недоволно и несоодветно обезбедени ѕидови. Скалата била закопана во тој бунар кога се урнала.

Римските градители се обиделе вторпат тие научија од својата грешка. Овојпат, тие ја обложиле новоископаната дупка со дрво и тоа траело подолго. Сајмон Маркус, раководител на археолошкиот потфат, објасни како при првиот обид, трудот се изјаловил пред самиот крај.

– Дефинитивно ќе има прилично многу фрустрации во загубите по тој обем на работа. Фактот дека скалата била во бунарот укажува дека тие сè уште работеле на бунарот во мигот на уривањето. Биле на околу 8,5 метри надолу, па се приближувале кон крајот на ископувањето. Како што откритијата од самиот почеток говореа – глината буквално се лупи од понабиената земја и карпа. Ова било неуспех на римското инженерство, по вложен напор во копањето на овој бунар, кој потоа морале целосно да го напуштат, појасни Маркус.

Тој додава и дека орудијата што луѓето тогаш ги користеле биле многу различни од денешните.

– Геологијата е сосем солидна. Значи, тоа бил макотрпна работа. Самата глетка на исчезнувањето на сиот тој труд – веројатно било голема непријатност за нив, нагласува научникот.

На дното на бунарот, археолозите пронашле и поплочена камена површина, којашто била предвидена за филтрирање на тињата, давајќи така малку почист извор на вода. Археолозите, исто така, пронашле и можни показатели за римски пат во близина на наоѓалиштето, што укажува дека погонот најверојатно бил дел од поширока трговска мрежа.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тесна трка и стратешка соработка: Локалните избори како тест на коалициски односи

July 7, 2025
Фото: ВИ

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

July 7, 2025

Анимираниот филм „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Монтевидео

July 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томпсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жестока реакција на младите загребски антифашисти на усташките изблици на и околу концертот на Томпсон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk