Три лица, меѓу кои две деца загинаа во железничка несреќа на пругата меѓу Лазаревац и Лајковац во селото Петка во Србија, а едно лице е тешко повредено, соопшти Железничката инфраструктура на Србија.
Според извештаите, судирот меѓу воз и автомобил се случил на патен премин обезбеден со семафори и сообраќајни знаци.
Инфраструктурата прецизира дека возачот на авомобилот е мртов.
Медиумите јавуваат дека загинале момче и девојче на возраст од 12 и 14 години.
Железничката инфраструктура на Србија во соопштението нагласува дека сите уреди на патниот премин биле вклучени и целосно функционални, што возачот на патничкото возило не го почитувал. Се додава дека на местото на настанот веднаш излегле Министерството за внатрешни работи и Итната помош.
Несреќата се случила околу 12 часот и 45 минути кога на линијата Пријепоље – Белград се судриле патнички воз и автомобил.