Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор, пишува во објава на Фејсбук, пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
„Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков – Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете“, пишува Петровска.
Едно лице е убиено утрово кај трговскиот центар „Мавровка“.
Ова е втора престрелка во последното деноноќие, откако вчера во пукање во скопската населба Ченто, едно лице е повредено.
МВР соопшти дека се приведени две лица.
Поврзано: