Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни годинава изнесува 41.939 денари и е за 14,8 отсто повисока отколку во истиот месец лани.
Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,6 отсто, Административни и помошни услужни дејности 22,9 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,6 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21,1 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5,4 и Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто.
Просечната, пак, месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2024 година изнесува 62.964 денари и е за 15,1 отсто повисока отколку во јуни 2023 година.
Зголемувањето се должина зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 24,9 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 24 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 19,9 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување за 21 отсто, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 5 и Административни и помошни услужни дејности за 4,4 отсто.
Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.
За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави вчера Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница.
Во периодот од јануари до август, како што соопштуваат, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
J. Ѓ.
Поврзано: