ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

ДФРМ со реакција до „Филм индастри воч“ на нивната објава во која повикуваат да се запре политичкиот прогон кон Милчо Манчевски

August 23, 2024 09:46
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Друштвото на филмските работници на Македонија испрати реакција до Меѓународната организација „Филм индастри воч“ (Film Industry Watch) во врска со нивната објава/текст каде што го опишуваат случајот на македонскиот режисер Милчо Манчевски и повикуваат да се запре
политичкиот прогон кон него.

-ДФРМ, како асоцијација на филмски професионалци, исклучително ги почитува вашите заложби преку новинарски и академски средства да се борите да ги заштитите активните филмски работници од секакви видови злоставување. Но, овојпат, за жал, доведени сте во заблуда. Затоа се чувствуваме повикани да реагираме на вашата објава и да ви ги појасниме нештата. Бездруго, во вашата објава се споменуваат само уверувањата и аргументите на Милчо Манчевски, што претставува субјективно, а во случајов и невистинито толкување, се вели во реакцијата.

Од Друштвото посочуваат дека во име на вистината треба да се согледаат фактите, односно дека кон Милчо Манчевски, во никој случај не постои политички прогон туку се водат истраги и постапки за правен субјект „Банана филм“ во негова сопственост. Односно, правни постапки поради индиции за финансиски злоупотреби.

-Овие постапки се водат пред истражните органи на РСМ, како Основното јавно обвинителство и Управата за финансиска полиција, како последица на кривична пријава поднесена од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Според законот, додека тие не бидат расчистени со правна разврска, на „Банана филм“ и е оневозможено да располага со државни средства. Жалбените барања на Манчевски, и неговата продукциска куќа ги отфрли и високата правна инстанца Вишиот управен суд, посочуваат од ДФРМ.

ДФРМ се уверени дека „Филм индастри воч“ ќе увиди дека реакција е избрзана како резултат на подметната манипулација од страна на Манчевски, кој себе си се претставува како жртва на политички прогон. А, всушност, дека како и секој друг граѓанин на нашата држава за кого би постел сомнеж за финансиски криминал, би одговарал според законите пред надлежните институции.

Во реакцијата се додава дека образложението на Манчевски, со кое претходно во заблуда ги доведе и првите луѓе на филмскиот фестивал во Венеција, дека тој е „свиркач“ и „укажувач на корупција“, всушност е исто така манипулација. Истовремено посочуваат дека на објавата на
филмскиот фестивал во Венеција, реагираше и Агенцијата за филм на РСМ која појасни дека не станува збор за никаков политички прогон, туку за правни истраги.

-Сигурни сме дека длабоко ги почитувате етичките, моралните и правните начела врз кои се темели работата на продуцентите насекаде во светот, особено кога станува збор за пари кои се насочуваат во филмската уметност од страна на државната каса. Ние како филмски професионалци, кои исто така соработуваат и се во партнерство со бројни европски здруженија и асоцијации, најмногу од се сѐ водиме кон начелата на европскиот филмски свет, кој е колегијален и солидарен. Затоа, ве молиме да ја повлечете објавата, бидејќи таа е невистинита и неоснована. Ве уверуваме дека Друштвото на филмски работници на Македонија стои во заштита на филмот и филмските работници и доколку постои било каков вид на стигматизација или политички прогон кон било кој филмски автор во нашата земја, ние жестоко ќе реагираме, стои во реакцијата од Друштвото на филсмки работници на РСМ.

Поврзано: 

„Филм индастри воч“ објави текст за случајот со режисерот Милчо Манчевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ДФРММилчо МанчевскиФилм индастри воч

НАЈНОВО

ЦИВИЛ: Слободата на изразување не е подарок од власта, таа е неприкосновено право на секој човек – пресудата против Дерала е директен атак на медиумските слободи

June 18, 2025
Фото: X

Нов израелски напад врз Техеран

June 18, 2025

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

June 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Нано Ружин

    Ружин: Наместо загуба, Преспанскиот договор ни донесе меѓународна субјективност и зрелост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моралната одговорност не се мери на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Што знаеме за тајната нуклеарна централа Фордоу на Иран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk